Достапни линкови

Тутунарски маки со откупот


Тутунарите се жалат на годинешните ниски откупни цени
Тутунарите се жалат на годинешните ниски откупни цени

Тутунарите од Долнени се жалат зашто, како што тврдат, трпат големи штети поради ниските откупни цени и доцниот откуп со многу мала динамика.

Тутунот велат калира, мувлосува, се суши, а нивните загуби се зголемуваат.

„Проблемот е прво со ниска откупна цена. Во однос на лани сигурно најмалку по едно евро од килограм помалку зедовме. Пример јас лани го
Проблемот е прво со ниска откупна цена. Во однос на лани сигурно најмалку по едно евро од килограм помалку зедовме. Пример јас лани го дадов се кец, тоа беше 208 денари.
дадов се кец, тоа беше 208 денари. Годинава 120 денари, 80 помалку од лани. Откупот лани беше пред Нова година. Имавме пример 800 бали тутун, имав над 3.000 килограми, годинава исто толку балиња ако имам, немам 2.500 килограми, значи калира, се исуши. Е, сега друго е прашање што се мувлосува“, објаснува броејќи ги штетите Исмаил Џанковиќ од долненското село Житоше.

И Хакија Идризовиќ од Локвени се соочува со истата мака. Вели штетите се бројат во илјади евра, зашто откупувачите вршеле откуп со многу мала динамика од едвај 2 до 3 тона дневно, што значи откуп на тутунот од само еден производител дневно.

„Виновна е Владата, ние сме должни да го изработиме, а тие се должни да го откупат и да ни најдат купувач“, вели Идризовиќ.

Револтиран на годинешната откупна кампања е и неговиот соселанец Рифат Лакота.

Архивска фотографија

„Те уценуваат со цена, со класа, катастрофа. Јас имам 60 години. Досега не памтам ваков откуп на тутунот да бил како годинава. Дојде време да се сади тутунот, уште овој не е предаден. Што да му се прави на овој тутун, тој е готов. Не, не да не прашува човек, ниту може да кажам, ѓубриво, едно, друго... нема штетата е голема“, вели Лакота.

Во Независниот синдикат на земјоделците ја обвинуваат Владата дека манипулира со откупните фирми.

„Овие договори кои што ги имаме ние како производители на тутун е класична манипулација и договор со Владата. Значи тие договараат една работа, а ние за овој договор за кој што би можеле да поддаме тужба за да ни се исплати тутунот и отштетата да ни се исплати, ние немаме пари за да
Овие договори кои што ги имаме ние како производители на тутун е класична манипулација и договор со Владата. Значи тие договараат една работа, а ние за овој договор за кој што би можеле да поддаме тужба за да ни се исплати тутунот и отштетата да ни се исплати.
платиме на судовите“, вели Ристе Бањеглав, претседател на Иницијативниот одбор на Независниот синдикат на земјоделци и сточари на Македонија.

Поради сите овие проблеми на тутунарите, Независниот синдикат бара да добијат гаранции за исплата на премија за секој килограм тутун без оглед дали е предаден пред или по истекот на законскиот рок.

Протести на тутунарите пред Собранието на 18 јануари 2011

„Бараме средба со министерот да ни каже дали ќе има едно евро субвенција за сите тутунари и за овие што сега треба да го предадат тутунот. Нема да се потпишуваат никакви договори, со ниту едно откупно претпријатие се додека не не викне на маса, нас Независниот синдикат и сите отупни претпријатија, да се крене цената на тутунот. Оти гледаме дека до кај дојде нафтата, до кај дојде скапијата. Ние бараме да се укинат, да бидат само 4 класи“, вели Моника Велеска од Независниот синдикат, во кој што членуваат над 25.000 земјоделци од сите градови во државата.

Инаку, ланската реколта беше тешка околу 25.000 тони. Прв пат годинава се случи по завршување на законскиот рок за откуп 15-ти март да не биде преземена целата реколта. Владата одлучи затоа да го пролонгира рокот додека не се преземат и последните килограми тутун.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG