Достапни линкови

Тутунарите заминаа со празни раце


Во знак на протест поради ниската откупна цена, тутунарите го палеа тутунот пред Собрание
Во знак на протест поради ниската откупна цена, тутунарите го палеа тутунот пред Собрание

Пратениците не ги изгласаа предлог заклучоците на опозицијата за решавање на проблемите на тутунарите.

На неколкучасовна седница пратениците расправаа по Информацијата за состојбата со откупот на тутунот. Собранието го усвои предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, откупот на тутун да продолжи според веќе предвиденото темпо, а дури за догодина да се менува законот за тутун.

По завршувањето на седницата, неколку пратници од опозицијата им ја соопштија веста на тутунарите кои чекаа пред собранието.

„Нашите заклучоци не беа изгласани, не беа прифатени. Парламентарното мнозинство не ги прифати заклучоците и вашите барања. Доставија други барања кои што не го решаваат потполно вашето прашање. Тие ги подржаа истите барања и ги изгласаа“, вели Флора Кадриу од опозициската Нова Демократија.

Тутунарите заминаа со празни раце
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:15 0:00


Пратеникот Горан Сугарески од СДСМ вели дека и покрај неуспехот во Собранието, тие ќе продолжат со подршката за тутунарите.

„Очигледно е дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не само што немаа храброст да ве примат во Собранието, туку и на заминување од седницата бегаа низ гаражите на Собранието. Ние остануваме за вашите барања, нема да отстапиме ни педа.“

Претставникот на тутунопроизводителите Кире Неделковски најави нови радикални протести по празникот.
Од четврток натаму ќе одиме по улици, граѓанска непослушност, ќе кршиме, ќе бараме
спас.

„Од четврток натаму ќе одиме по улици, граѓанска непослушност, ќе кршиме, ќе бараме спас.“

Тутунарите на речиси деветчасовниот протест бараа повисока откупна цена на тутунот и регулирање на класите со закон, односно да се донесат измени и дополнување во законот за тутун.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG