Достапни линкови

Тутунарските маки продолжуваат


Од штрајкот на тутунарите пред Собранието
Од штрајкот на тутунарите пред Собранието

Од штрајкувачкиот одбор на тутунарите велат дека во зависност од тоа што ќе се случува на терен ќе ги планираат следните активности.

Ресорниот министер кој беше во Прилеп не се сретнал со штрајкувачкиот одбор, а нивните претставници не се задоволни од заклучоците договорени со Сојузот. По ваквиот исход од посетата каде биле договорени засилени
На средба со министерот, ние не бевме повикани. Министерот имаше средба со другите колеги и излегоа со став сосема спротивен од нашиот, со некоја цена од 160 денари и тоа кај луѓето предизвика уште поголем револт. Министерот повеќе пати дојде, но ненајде решение, затоа го повикуваме премиерот да го реши.
инспекциски контроли на откупните пунктови, лидерот Кире Неделковски ги повика тутунарите кои се задоволни од последната договорена цена да го предаваат тутунот до откупувачите, а одборот ќе бара средба и со премиерот оценувајќи дека нереална е процената:


„На средба со министерот, ние не бевме повикани. Министерот имаше средба со другите колеги и излегоа со став сосема спротивен од нашиот, со некоја цена од 160 денари и тоа кај луѓето предизвика уште поголем револт. Министерот повеќе пати дојде, но не најде решение, затоа го повикуваме премиерот да го реши.“

Во Министерството за земјоделство за детали упатуваат на веста што ја објави државната информативната агенција која се однесува на престојот на Димовки во Прилеп. МИА објави дека министерот изразил жалење што не нашле заеднички јазик на петте досегашни средби со штрајкувачкиот одбор.

Инаку денеска во Прилеп, според информциите од теренот, пунктовите од изутрината се отворени, но
160 денари се движи во Тутунскиот комбинат во Прилеп, а тој може да откупи околу 2,5 до 3 милиони килограми, но што со уште 22 милиони килограми
тутун?
како тече откупот ќе се знае до крајот на денот. Министерот Димовски вчера во Прилеп побара, заедно со Сојузот, спроведување на заклучоците на Собранието околу промената на законот и правилникот за откуп на тутунот во интерес на подобрување на состојбите со откупот. Димовски повторно побара незадоволните тутунари од нереалната процена за оспорениот тутун и натаму да ги повикуваат второстепените комисии на нова процена на тутунот со откупувачите.

Лидерот на штрајкувачкиот одбор, пак, изјави дека во зависност од тоа што ќе се случува на терен по најавите за засилени инспекциски контроли ќе ги планираат најновите активности. По неколкудневно протестирање, од штрајкувачкиот одбор највуваат можност и од граѓанска непослушност како излез од состојбата за која не најдоа заеднички јазик со Парламентот каде расправата заврши без конкретни заклучоци. Илустрација за состојбите е информацијата дека досега се откупени околу четири илјади тони тутун од 25 илјади колку што тежи реколтата.

„160 денари се движи во Тутунскиот комбинат во Прилеп, а тој може да откупи околу 2,5 до 3 милиони килограми, но што со уште 22 милиони килограми тутун?“, вели Неделковски.

Димовски во Прилеп побара, заедно со Сојузот, спроведување на заклучоците да Собранието околу промената на законот и правилникот за откуп на тутун во интерес на подобрување на состојбите со откупот на тутун.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG