И под „вршник“ Скопје се гради

Рокот за исполнување на проектите од „Скопје 2014“ поважен од здравјето на работниците, кои работат и на плус 40 за да заработат парче леб.
Некои под клима и сенка, други без никаква заштита и на 40 степени целзиусови се принудени да ја вршат својата работа. Особено гардежните работници кои работат на проектот Скопје 2014 година за кои опасната портокаловата фаза и високиот УВ индекс не се важни, туку поважен е рокот кој треба да биде исполнет. Препораките на лекарите деновиве да не се излегува и изложува на сонце, поради високите температури, како да не се однесуваат на луѓето кои работат под отворено небо, кои се најпогодени од временските услови. Во борбата за парче леб забораваат на опасностите по здравјето. Велат тешко е, но мора да се работи и единствено спас бараат во паузите за ручек и пиењето на течности, кои им помагаат да го протуркаат денот.

„Тешко се издржува, пиеме течности.“

„Работиме малку, па под сенка, има по саат време пауза.“
Логиката на капиталот и капитализмот е работникот секогаш да биде во функција на работодавачот. Тоа, иако законски не е експлицитно наведено, така што се претпоставува дека работниците секогаш се на услуга на работодавачите.

„Навикнати сме ние“

Александар Митров од здружението Ленка вели дека во Законот за безбедност и здравје при работа нема одредени прописи за заштита на работниците при високи температури.

„Логиката на капиталот и капитализмот е работникот секогаш да биде во функција на работодавачот. Тоа, иако законски не е експлицитно наведено, така што се претпоставува дека работниците секогаш се на услуга на работодавачите.“





Според Митров, работодавачите можат да преземат одредени мерки со кои би се заштитиле работниците на денови кога се изложени на јако сонце.

„Се разбира, би требало да дојде до целосен прекин на работниот процес, и одложување за денот кога тоа може да се сработи и човекот нема да биде под таков притисок од метереолошките појави.“

Законот за безбедност и здравје при работа се донесе во 2007 година, но прашање е како се спроведува и функционира на терен. Најдобро организирана медицина на трудот и превентива на здравјето имаат работниците во Финска и Холандија.