По инцидентите на границата меѓу Косово и Србија, останува неизвесно дали дијалогот меѓу Приштина и Белград, ќе продолжи.
Европската унија минатата недела соопшти дека дијалогот меѓу Косово и Србија ќе продолжи во текот на идниот месец. Сепак, се уште официјално не се најавени темите на следната рунда разговори. Познавачите на состојбите на Балканот се поделни во врска со продолжувањето на дијалогот по полициската акција на северот на Косово и воведувањето реципрочни трговски мерки спрема Србија. Според претседателката на Хелсиншкиот комитет во Белград Соња Бисерко, Србија треба да се помири со фактот дека северно Косово ќе се врати под контрола на официјална Приштина и оти тоа мора да биде преку дијалог.
„Очигледно дека меѓународната заедница реши така. Тоа значи дека Приштина полека ќе ја презема контролата врз северно Косово. Што се однесува до сувренитетот, тоа исто така е и финансиско прашање, бидејќи од него профитираа некои групи и на српската и на албанската страна, така што тое е прашање на време. Мислам дека ни Косово, ни Србија немаат друга алтернатива освен да го продолжат патот кон Европската унија“, смета Соња Бисерко.
Од друга страна, британскиот новинар и публицист Тим Џуда смета дека во овој момент е невозможно прашањето за северно Косово да се решава на веќе започнатиот дијалог кој, како што вели, е поинаку замислен, односно како пат за постигнување согласност меѓу двете страни за некои помали проблеми.
„Не можете да трчате пред да научите да одите. Најнапред веќе има некои договорени прашања и треба да видиме дали тоа ќе се спроведува. Потоа е следната рунда на која ќе се расправа и за царинските печати, па дури тогаш може да се премине на поважни прашања. Но, што се однесува до довербата и добрата волја, јасно е дека тие се уназадени“, наведува Тим Џуда.
Шестата рунда на дијалогот меѓу Приштина и Белград, што беше најавена на 20 јули, кога, меѓу другото, требаше да се разговара и за царинскиот печат на Косово е одложена, бидејќи, како што изјавија во Брисел, не можело да се постигне договор меѓу двете страни. Приштина ги прифати разговорите со Белград само под услов тие да бидат од технички карактер, наведувајќи дека внатрешните прашања нема да бидат тема на дискусија.