Менаџирање на цврстиот отпад

Локалната самоуправа на Куманово размислува за искористување на цврстиот отпад за добивање на електрична и топлотна енергија.
По воведување на гасоводната мрежа, локалната самоуправа на Куманово размислува за менаџирање со цврст отпад, по примерот на Прага, во Република Чешка. По запознавањето со начинот на функционирање, односно користењето на енергијата добиена од цврст отпад,
Видов проект за тоа како комплетно пола Прага се затоплува од топлата вода од топланата во која од гори цврст отпад. А седум ипол до осум мегавати на час добиваат електрична енергија од пареата како производ на високите, големите печки.
градоначалникот Зоран Дамјановски, како прв човек во Североисточниот регион ќе настојува оваа новина да биде применета и во него.

„Видов проект за тоа како комплетно пола Прага се затоплува од топлата вода од топланата во која од гори цврст отпад. А седум ипол до осум мегавати на час добиваат електрична енергија од пареата како производ на високите, големите печки на 850 степени и имаат турбина за електрична енергија.“

Идејата за менаџирање со цврст отпад, Општината Куманово максимално ќе се заложи да ја реализира, за што ја започнува процедурата во оваа насока, објаснува Дамјановски. Се очекува наскоро да пристигнат експерти од Прага кои ќе ја согледаат фактичката состојба на старата депонија, која е проблем за жителите во селото Пчиња.

Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

„Да се направи микс и да се влезе во студија која ќе произведе концесија за јавно приватно партнерство. Од Чешка се подготвени за влегување и изградба на високите печки за високи температури, како и да направат партнерство во овој регион и да почнеме дефинитвно и конечно решавање на овој проблем со менаџирање на цврст отпад.“

Дамјановски додава:

„Интересно е тоа што печката што продуцира електрична и топлотна енергија се наоѓа на само два километра од центарот на градот, во самата урбана средина која е во градежен реон на Прага. За ова не треба
За ова не треба специјални локации и позиции, загадувањето е минимално и габаритот на производството на таа фабрика 70 отсто е во прочистување на гасовите, а 30 отсто се употребува за производство на топлината.
специјални локации и позиции, загадувањето е минимално и габаритот на производството на таа фабрика 70 отсто е во прочистување на гасовите, а 30 отсто се употребува за производство на топлината.“

Дамјановски е оптимист дека експертскиот тим од Чешка ќе воспостави добра соработка со канцеларијата на Североисточниот плански регион оти како што вели концептот е регионален.

„И во наредната година, година ипол, зависно од добивањето одобрување од Владата на РМ, бидејќи дозволата за ова оди преку Министерството за животна средина и транспорт и врски и Дирекцијата за просторно и планско планирање да успееме да ја добиеме таа донација и преку јавно приватно партнерство биде дел од економскиот развој и борбата со невработеноста.“

Дамјановски им ветува на граѓаните на Куманово дека доколку успее овој проект ќе се отворат нови работни места за околу сто и педесет кумановци.