Зонско паркирање во Куманово

Паркирање за 30 денари од час.

Зонското паркирање во Куманово - проблем или решение за сообраќајниот метеж?
Дали со воведување на зонското паркирање во центарот на Куманово ќе се надмине проблемот со сообраќајниот метеж, се уште е не познато. Граѓаните се со поделени мислења. Додека едните сметаат дека пешачките патеки кои одамна се паркинг простори сега и легално обележени, на пешаците им го одземаат правото за слободно движење. Тешко можат да се разминуваат и по две детски колички, особено ако од едната страна се паркирани возила, а од другата се поставени
Мислам дека проектот е добар, зашто со воведување зонско паркирање ќе се расчисти метежот во центарот на градот.Кој сака да излезе со автомобил во градот треба да има и 30 денари да плати.

шанкови од кафулињата. За возачите, 30 денари од час за паркирање автомобил и не е најдобро решение. За некои тоа се големи суми кои ќе се слеваат во локалната каса, а за другите пак, тоа е добро решение, со кое ќе се регулира сообраќајниот метеж во кој градот одамна се задушува. Запрашаните кумановци велат:

„Мислам дека проектот е добар, зашто со воведување зонско паркирање ќе се расчисти метежот во центарот на градот.Кој сака да излезе со автомобил во градот треба да има и 30 денари да плати.“

„Ова го нема никаде во светот.“

„Нека се воведе ред во Куманово.“

„Ова значи одиме напред.“


„Тоа е негативно според мене. Народот нема пари. Државата наметна големи давачки во оваа сиромаштија.“

„Можеби е добро, но има на некои места каде што не смее да се обележи.“

Многумина сметаат дека сумата е висока во времето на големата сиромаштија. Но, сиромашните пак ниту имаат автомобили, ниту ќе плаќаат за паркирање. Тие ќе одат пеш, а сепак сметаат дека:

„Нема да го реши хаосот. Пак ќе биде паркирање кој каде ќе стигне.“

Има и такви кои велат:
Тоа е негативно според мене. Народот нема пари. Државата наметна големи давачки во оваа сиромаштија.

„Супер проект. Мора некој ред да постои. Парите не се малку во оваа криза, но тоа е тоа.“

„Можеби е добро, а хаосот? Можеби и нема да се реши.“

„Времето ќе покаже, ама многу автомобили има во Куманово, сообраќајот е многу натрпан.“

„Со ова ќе се среди, зашто има и возила кои се паркирани за да се продаваат. Проблем ќе биде за оние кои повеќепати имаат потреба да доаѓаат во градот. За нив треба нешто друго да се воведе.“

Во Куманово се регистрирани над 30 илјади патнички моторни возила. Без трајни решенија со катни или подземни гаражи се чини проблемот не може целосно да се надмине. Локалната власт за сега се обидува да го ублажи, по урнекот на многу поголеми и поразвиени градови.