Со измените на законот, власта ја презема контролата и врз Советот за радиодифузија со цел целосна контрола врз медиумите во земјата, велат експертите.
Зголемувањето на бројот на членови на Советот за радиодифузија од 9 на 15, за опозицијата и експертите е обид за негова партизација од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Предлагачот на законот од владејчката партија, Влатко Ѓорчев изјави дека измените ќе придонесат за негова поголема репрезентативност, ефикасност и квалитет во работењето. Од Новите шест членови, по двајца ќе бидат предложени од претседателот на државата и ЗЕЛС, а по еден од комисијата за заштита на конкуренцијата и антикорупциска.
Пратеникот на НСДП, Тито Петковски, вели дека нема дилема оти таквиот чекор на ВМРО-ДПМНЕ е со цел да стави целосна контрола врз медиумите во земјава. Тие сакаат да постават партиски војници во Советот за радиодифузија, а тоа се гледа од идејата кој да биде предлагачот на кандидатите.
„Практично значи ВМРО-изација, тотална ВМРО-изација на македонското општество, а овдека се многу мотивирани особено заради фактот што има некои редови кои не се послушни и ги дисциплинираат.“
Политичкиот аналитичар Здравко Савески вели дека, иако Советот за радиодифузија постои веќе 15 години не успеа да биде на висина на задачата, а зголемување на бројот на членови нема да ги реши проблемите во неговото функционирање.
„Проблемите со кои се соочува Советот за радиодифузија на поинаков начин треба да се решат, особено на тој начин што политичките партии со достојна почит ќе го третираат СРД и ќе го остават да ги спроведува своите законски обврски.“
Политичкиот аналитичар Љуљзим Хазири вели дека власта со измените сака да го натера Советот за радиодифузија да игра по негови правила.
„Со зголемување на бројот на членовите на Советот за радиодифузија да обезбеди мнозинство во ова регулаторно тело, мнозинство кое им
недостасуваше и второ мислам дека со ова ќе ги брани законски и тие медиуми кои беа наклонети кон власта.“
Петковски додава дека се реализира една крајно ригидна политика која се коси со препораките на Европската комисија за слободата на медиумите во земјава.
„Македонија „плива“ во спротивна насока, штета! Мислам дека државата веќе наесен во извештајот ќе биде спомената како неперспективна на планот на демократизација на општеството, особено и состојбата во медиумите.“
Македонскиот институт за медиуми и Здружението на новинари реагираа дека менувањето на законот по забрзана постапка без вклученост на медиумите, експертите и другите засегнати страни ја усложнува ситуацијата во која се наоѓаат медиумите во земјава.
Практично значи ВМРО-изација, тотална ВМРО-изација на македонското општество, а овдека се многу мотивирани особено заради фактот што има некои редови кои не се послушни и ги дисциплинираат.
Пратеникот на НСДП, Тито Петковски, вели дека нема дилема оти таквиот чекор на ВМРО-ДПМНЕ е со цел да стави целосна контрола врз медиумите во земјава. Тие сакаат да постават партиски војници во Советот за радиодифузија, а тоа се гледа од идејата кој да биде предлагачот на кандидатите.
„Практично значи ВМРО-изација, тотална ВМРО-изација на македонското општество, а овдека се многу мотивирани особено заради фактот што има некои редови кои не се послушни и ги дисциплинираат.“
Политичкиот аналитичар Здравко Савески вели дека, иако Советот за радиодифузија постои веќе 15 години не успеа да биде на висина на задачата, а зголемување на бројот на членови нема да ги реши проблемите во неговото функционирање.
„Проблемите со кои се соочува Советот за радиодифузија на поинаков начин треба да се решат, особено на тој начин што политичките партии со достојна почит ќе го третираат СРД и ќе го остават да ги спроведува своите законски обврски.“
Политичкиот аналитичар Љуљзим Хазири вели дека власта со измените сака да го натера Советот за радиодифузија да игра по негови правила.
„Со зголемување на бројот на членовите на Советот за радиодифузија да обезбеди мнозинство во ова регулаторно тело, мнозинство кое им
Македонија „плива“ во спротивна насока, штета! Мислам дека државата веќе наесен во извештајот ќе биде спомената како неперспективна на планот на демократизација на општеството, особено и состојбата во
медиумите.