ХРВ - Истрага против Џорџ Буш

Џорџ Буш и Барак ОБама

Меѓународната невладина организација Хјуман Рајтс Воч ја повика администрацијата на Барак Обама да нареди истрага за обвинувањата дека неговиот претходник Џорџ Буш и уште тројца тогашни функционери дозволиле употреба на сила врз затвореници. Во извештајот се наведува дека админстрацијата на Обама не ги исполнила меѓународните обврски.
„Патот кон насилството почна во деновите по нападите на Ал Каеда врз Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година кога админситрацијата на Буш почна да спроведува нови политики и процедури врз лицата уапсени во воени или контраразузнавачки операции надвор од Соединетите држави“, се наведува во Извештајот на Хјуман Рајтс Воч.

„Извештајот многу јасно покажува, врз основа на јавно достапните докази, дека постојат цврсти причини за покренување кривична истрага против високи претставници на американската администрација за одобрување тортура“, вели Андреа Прасов, постар советник во Хјуман Рајтс Воч


Тој прецизира дека станува збор за Џорџ Буш, за експотпретседателот Дик Чејни, за поранешниот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд и за екс директорот на ЦИА Џорџ Тенет.

Тие се обвинети за креирање, одобрување и спроведување на тајната програма на ЦИА за киднапирање и транспорт на осомничени за тероризам во третти земји каде што биле подолжени на груби мачења.

Исто така се додава дека претседателот Барак Обама има законска обврска да ги истражи ваквите акти, бидејќи Соединетите Држави, заедно со уште 140 други земји, се потписник на Конвенцијата на Обединетите нации против тортурата.
Соединетите Држави имаат право да бараат правда кога се вршат злосторства во Дарфур и Либија, но не треба да имаат двојни стандарди.

„Соединетите Држави имаат право да бараат правда кога се вршат злосторства во Дарфур и Либија, но не треба да имаат двојни стандарди“, вели директорот на Хјуман Рајтс Воч, Кенет Рот.

Со Конвенцијата, како што објаснува Прасов, е предвиден и принципот на универзална правда.

„Значи, ако Соединетите Држави не спроведат истрага, обврската да го направат тоа ја имаат другите земји кои ја потпишале Конвенцијата. Всушност, веќе се гледаат некои резултати. Џорџ Буш пред неколку месеци требаше да патува во Швајцарија, но откако се дозна дека активистите за човекови права и жртвите подготвиле кривична пријава до швајцарските власти, тој го откажа патувањето.“

Џорџ Буш и Доналд Рамсфелд

Еден од првите потези на Барак Обама како претседател беше да нареди итно запирање на оваа програма и за затворање на тајните затвори во странство.

Џејми Флај кој беше член на Советот за национална безбедност на претседателот Буш вели дека малку е веројатно оти Белата куќа ќе отвори истрага.

„Не чувствувам дека има вистински интерес во повисоките нивоа на администрацијата на Обама за повторно отворање на сите овие прашања. Всушност, мислам оти повеќето високи американски претставници сакаат веќе да не се занимаваат со тоа.“

Со Џејми Флај се согласува и Андреа Прасов, но таа вели дека сепак е важно за Обама да преземе нешто повеќе отколку само да изјави дека под негово лидерство Соединетите Држави не вршат тортури.