Амбасадорот Карол Бахура порача дека Западниот Балкан е меѓу приоритетите на Полска за време на претседавањето со ЕУ.
Последна, но како што вели полскиот амбасадор во Македонија, Карол Бахура, не и помалку важна за време на полското претседателство со ЕУ е подршката за евроитеграциите на Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Албанија и Косово. На новинарското прашање зошто Македонија е во друштвото на земјите како Србија и Албанија, кога е понапред во реформите во однос на нив и има кандидатски статус веќе пет години, Бахура одговори дека прашањето е за отвореноста на ЕУ кон Западниот Балкан.
„Ви се допаднало или не, Македонија е во овој регион како и другите земји.“
Тој додаде дека Западниот Балкан е високо на агендата на полските приоритети.
Политикологот Мерсел Биљали вели дека Македонија самата допринесува да се најде во таа група земји.
„Мислам дека Македонија самата е во таа група, значи таа не е ставена, туку со нејзината политика допринела да биде ставена таму и таа е претворена во своевиден транзит центар, кога сите доаѓаат и истапуваат од таму, но таа останува на исто место, ние не можеме да се пофалиме со којзнае какви реформи.“
Бахура, на презентацијата на приоритетите на полското претседатество, додаде дека Македонија треба да продолжи со реформите потребни за членство во Европската Унија и тие не треба да
бидат во заложништво на спорот со името.
„За реформите кои треба да се спроведат во областите како
правосудството, јавната администрација и други области не треба да се чека да се реши оваа пречка туку да ги спроведувате на колку што можете посоодветен начин, дури и пред да почнат преговорите. Кога ќе се реши прашањето со името и ќе почнат преговорите, времето за нивно завршување ќе биде пократко и тоа ќе биде подобро за вас. “
Биљали вели дека е тажно што кај нас зборот „реформи“ асоцира дека некоја влада треба да се пофали ако ги прави, кога тоа е неминовен природен тек на секоја држава. Тој додава дека ова е потсетување дека покрај решавање на спорот со името, Македонија има уште една задача кој треба да ја исполни.
„Јас мислам дека ние немаме реформи туку имаме нешто спротивно. Не може да имате реформи кога имате 150 илјади административци наместо 75 илјади. Македонија има среќа во несреќа што секогаш се повикува на прашањето за името и тоа е некакво покритие што не сме вклучени поинтензивно во интегративниот процес.“
Бахура најави дека во октомври во Охрид ќе се одржи неформален состанок на министри за правда и внатрешни работи и ова е единствена земја од регионот во која за време на претседателствувањето на Полска ќе се одржи таков состанок надвор од Полска, Брисел и Луксембург.
Ви се допаднало или не, Македонија е во овој регион како и другите земји.
„Ви се допаднало или не, Македонија е во овој регион како и другите земји.“
Тој додаде дека Западниот Балкан е високо на агендата на полските приоритети.
Политикологот Мерсел Биљали вели дека Македонија самата допринесува да се најде во таа група земји.
„Мислам дека Македонија самата е во таа група, значи таа не е ставена, туку со нејзината политика допринела да биде ставена таму и таа е претворена во своевиден транзит центар, кога сите доаѓаат и истапуваат од таму, но таа останува на исто место, ние не можеме да се пофалиме со којзнае какви реформи.“
Бахура, на презентацијата на приоритетите на полското претседатество, додаде дека Македонија треба да продолжи со реформите потребни за членство во Европската Унија и тие не треба да
бидат во заложништво на спорот со името.
„За реформите кои треба да се спроведат во областите како
За реформите кои треба да се спроведат во областите како правосудството, јавната администрација и други области не треба да се чека да се реши оваа пречка туку да ги спроведувате на колку што можете посоодветен начин, дури и пред да почнат преговорите. Кога ќе се реши прашањето со името и ќе почнат преговорите, времето за нивно завршување ќе биде пократко и тоа ќе биде подобро за вас.