Протестите и случајот со смртта на младото момче, не треба да се политизираат, вели за РСЕ амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Ралф Брет.
Реакцијата на властите на убиството на 23-годишник по изборите, кое предизвика протести, можеше да биде подобра од аспект на транспарентност, вели во неделното интервју за Радио Слободна Европа амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во Македонија Ралф Брет.
„Најпрвин, не би го употребил зборот убиство,
бидејќи за тоа треба да одлучи судот. Младиот човек загина, тоа е јасно и многу трагично и морам да нагласам дека сме многу шокирани од ова. Во врска со првичните реакции, нашата мисија нема истражувачка улога. Не можеме да имаме сопствени наоди за овој настан и не можеме да навлегуваме во детали. Значи тешко е да се зборува, но од она што го видовме од првичните реакции, можеби информациите доаѓаа капка по капка. Впечатокот е дека справувањето можеше да биде малку подобро од аспект на транспарентност.“
Надлежните имаат јасен став за случајот кој ги предизвика протестите. Убиството на 23-годишникот во ноќта по изборите е разрешено, бидејќи сторителот, припадник на единицата „Тигри“ сам се пријавил во полиција и бил изведен пред лицето на правдата. Сепак, тоа не беше доволно за дел од јавноста, имајки предвид дека веќе 17 дена се изразува незадоволство.
Амбасадорот Брет забележува дека правото на демонстрации е загарантирано.
Демонстрантите, од друга страна, велат дека до сега не им било оспорено правото да протестираат, но забележуваат дека имало проблеми. Конкретно станува збор за контрапротестите, вели Кирил Ефремовски, еден од учесниците на протестите против полициска бруталност, кои главно се организираат преку социјалните мрежи.
„Она што некои се обидуваа да ни го оспорат беше правото дека ние не сме вистинските демонстранти или оние кои што стојат за протестите. Организираа контрапротести. Ние јавно се прашуваме и јас лично прашувам: Во кои држави се организираат протести на протести, односно
контрапротести? Дали светот бележи дека досега се регистрирани во тоталитарни режими и во држави од типот на Египет.“
Вреди да се спомене дека во изминативе неколку дена на социјалните мрежи кружат фотографии од учесници на контрапротестите фотографирани во други прилики со партиски знамиња. Случајот со смртта на 23-годишното момче кое умре на плоштад мора да се држи настрана од политички дискусии, смета Брет:
„Секако партиите имаат искушенија да ги искористат демонстрациите како доказ или потврдување на нивните позиции. Сметам дека овој случај, кој е многу трагичен и посебен, треба да се држи настрана од политички дискусии и да не се користи за политички кампањи или расправии.“
Инаку вчера младите ги поднесоа своите барања до Парламентот, поединечно до сите пратеници. За сега нема најави за нови контрапротести.
Од она што го видовме од првичните реакции, можеби информациите доаѓаа капка по капка. Впечатокот е дека справувањето можеше да биде малку подобро од аспект на транспарентност.
„Најпрвин, не би го употребил зборот убиство,
бидејќи за тоа треба да одлучи судот. Младиот човек загина, тоа е јасно и многу трагично и морам да нагласам дека сме многу шокирани од ова. Во врска со првичните реакции, нашата мисија нема истражувачка улога. Не можеме да имаме сопствени наоди за овој настан и не можеме да навлегуваме во детали. Значи тешко е да се зборува, но од она што го видовме од првичните реакции, можеби информациите доаѓаа капка по капка. Впечатокот е дека справувањето можеше да биде малку подобро од аспект на транспарентност.“
Надлежните имаат јасен став за случајот кој ги предизвика протестите. Убиството на 23-годишникот во ноќта по изборите е разрешено, бидејќи сторителот, припадник на единицата „Тигри“ сам се пријавил во полиција и бил изведен пред лицето на правдата. Сепак, тоа не беше доволно за дел од јавноста, имајки предвид дека веќе 17 дена се изразува незадоволство.
Амбасадорот Брет забележува дека правото на демонстрации е загарантирано.
Демонстрантите, од друга страна, велат дека до сега не им било оспорено правото да протестираат, но забележуваат дека имало проблеми. Конкретно станува збор за контрапротестите, вели Кирил Ефремовски, еден од учесниците на протестите против полициска бруталност, кои главно се организираат преку социјалните мрежи.
„Она што некои се обидуваа да ни го оспорат беше правото дека ние не сме вистинските демонстранти или оние кои што стојат за протестите. Организираа контрапротести. Ние јавно се прашуваме и јас лично прашувам: Во кои држави се организираат протести на протести, односно
Во кои држави се организираат протести на протести, односно контрапротести? Дали светот бележи дека досега се регистрирани во тоталитарни режими и во држави од типот на Египет.