Во земјава од Грција се внесуваат резби работени на копир машини кои во себе немаат ништо уметничко, а можат да се купат по многу поевтина цена.
Од Здружението на копаничари на Македонија предупредуваат дека ваквиот тренд се заканува да го уништи и делегитимира изворното македонско копаничарство.
„Се појавува машинска резба на ЦНЦ копир фреза, тоа е компјутерска програма и едно парче излегува за две минути. Тоа нема никаква уметничка вредност, чиста индустрија е. Проблемот е во тоа што од Грција ги купуваат некои црковни одбори или градители, им се поевтини и побрзо се изработуваат резби на нив и ги внесуваат. Има многу такви примери“, вели Јане Крстески, магистер по резба.
Како такви ги посочува црквата „Света Богородица“ во Скопје, каде царските двери и северните и јужните порти се изработени на копирка, потоа „Свети Успение на пресвета Богородица“ во Македонска Каменица, каде иконостасот е изработен на компјутер. Во црква во штипско, ентериерот е увезен од Грција и ни малку не се вклопува во амбиентот. Во битолска „Света Петка“, иконостасот е направен рачно, но во непретпознатлив стил.
„Многу носат од Грција на ЦНЦ машини, такви случаи има и во Битола и во Штип, целивални, певници цели, иконостаси. И во манастирот во Рајчица има таков иконостас работен на ЦНЦ фреза. Има и во симболиката проблеми, со различна симболика се тие што доаѓаат од Грција. Потоа во Бугарија некоја наива работат. Просечно голем иконостас 8 до 9 метри ако чини од 20 до 40 илјади евра и се работи три години од страна на пет копаничари, вака ќе го направат за три месеци и ќе чини 3000 евра“, додава Крстески.
Инаку македонската резба е една од најтешките и најоригиналните во регионот со многу слоеви, ситни детали, флора, фауна и верски мотиви. Честопати соседите копираат од нашите мотиви, па затоа соседите сметаат дека е важно да се зачува ова македонско скапоцено наследство.