На Рамазанскиот Ифтар што Исламската Верска Заедница во Македонија го организираше во Дебар со присуство и на претседателот на државата, претседателот Ѓорге Иванов ја изнесе оценката дека верува во зачувувањето на соживотот во Република Македонија, додека пак претседателот на ИВЗ, Реис Ул Улема Сулајман Реџепи рече дека во Исламската заедница нема раскол меѓу верниците. Пред 13- те муфтии колку што ги има во Република Македонија, македонскиот претседател порача дека многу е битно да се зачуваат добрите традиции на толеранцијата меѓу припадниците од различните вери.
,,Секогаш Дебар бил град каде што соживотот бил на цена. Дебар бил пример за соживот. Лично се уверив во тоа и во моментот кога не снајде едно зло кога се запали манастирот Свети Јован Бигорски кога пожарот го гаснеа заедно и муслимани и христијани и Албанци и Турци и други. Верувам во соживотот во Македонија, и тој треба да се негува. Традициите кои ги имаме треба да се почитуваат, а оние кои ги имаме заборавено треба да ги обновиме, затоа што господ е еден."
рече претседателот Иванов.
Првиот човек на ИВЗ во Македонија Реис Ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи ги осуди поединците и групите од Исламската вероисповед кои, како што рече, се против ИВЗ и Република Македонија:
,,И покрај тоа што има манипулации од разни личности и групации кои не и мислат добро на Република Македонија и на Исламската верска заедница и воедно сметаат дека има раскол во ИВЗ, јас ве уверувам дека во ИВЗ се гордееме што никогаш не била поединиствена. Ние се надеваме дека тоа единство ќе го заштитиме и браниме и во наредниот период. ИВЗ има многу добри односи со сите верски заедници во државата, и не случајно е формиран заеднички меѓуверски Совет во кој учествуваат пет верски заедници во РМ. Ние секогаш ќе ги браниме нашите вредности, соживотот и толеранцијата и ќе го почитуваме соживотот во државата без разлика на етничката и верската припадност."
нагласи Реџепи.
Минатата година во Гостивар, а оваа година во Дебар, ИВЗ организира Ифтари (рамазански вечери) со учество на претседателот на Македонија. Овие ифтари ќе станат традиционални велат во ИВЗ. На дебарскиот ифтар присуствуваа и претставници на Православната црква во Дебар.
Верувам во соживотот во Македонија, и тој треба да се негува. Традициите кои ги имаме треба да се почитуваат, а оние кои ги имаме заборавено треба да ги обновиме, затоа што господ е еденИ покрај тоа што има манипулации од разни личности и групации кои не и мислат добро на Република Македонија и на Исламската верска заедница и воедно сметаат дека има раскол во ИВЗ, јас ве уверувам дека во ИВЗ се гордееме што никогаш не била поединиствена