Дали Македонија излегува од период на политичка нетолеранција, апсолутизам и влегува во период на компромис на дијалог меѓу политичките фактори со цел по релаксирани односи и просперитет на граѓанството.
Ако по утрото денот се познава, не очекува бурен месец, па можеби и година, велат аналитичарите со кои разговаравме, коментирајќи ги низата настани што се случија оваа постизборна недела.
Специјалец призна дека уби 22-годишно момче во неделата вечер на плоштадот за време на изборната прослава на владејачката партија. Наредниот ден почнаа демонстрации во кои стотици млади луѓе протестираа на скопскиот плоштад против полициска бруталност. Дел од политичарите не пропуштија и за ова да си разменат отровни стрели. Корисниците на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук покажаа солидарност и единство како никогаш до сега, организираа протести на кои бараа правда и одговорност од убиецот и соучениците. Тие побараа од политичарите да не доаѓаат на нивниот протест и да престанат од нивната борба да прават партиска тепачка.
Протести против полициска бруталност:
Избори, медиуми, конфузија...
По неполн ден од изборите уапсен е претседателот на опозициската партија Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, поради сомнение за злоупотреба на пари за финансирање изборна кампања и злоупотреба на службена должност. Истражниот судија му одреди 30 дена притвор. Хеслиншкиот комитет побара одговор на прашањето „Дали станува збор за политички реваншизам и замолчување на гласните критичари на власта или за владеење на правото подеднакво за сите, имајќи ја предвид кампањата која Бошкоски ја водеше во предизборието?“
Војната меѓу медиумите се заостри, едни осудуваат други , се закануваат, ја земаа правдата во свои раце, се прогласуваат за најподобни да говорат за етички стандари кои и самите често не ги почитуваат и делат совети за тоа зошто не треба да се протестира. Ни политичарите не остануваат покуси - и тие имаат што да им кажат на медиумите, како требало да известуваат, па и му порачуваат на народот кој медиум да не го гледа.
Овие неколку случувања ја одбележаа неделата по изборите на кои мнозинството граѓани гласаа за реформите кои им беа ветени.
Аналитичарите сметаат дека со апсењето на Бошкоски се отвораат многу прашања. Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека е создадена една конфузна ситуација која допрва треба да отвори дебата во јавноста за околностите и случувањата околу апсењето.
„Јас мислам дека едно нешто е исто така загрижувачки, а тоа е фактоте дека од МВР излегоа со соопштение дека користеле специјални истражни мерки за време на кампањата, јас мислам дека требале сериозно да размислат кога презеле такви мерки, зошто во тек на изборна кампања преземање на такви мерки може да значи и притисок врз политичките партии кои учествувале во кампањата.“
Нова Влада
Паралелно на овие случувања почнува и процесот преговори и создавање на нова владечка структура. Следува период на соочување со начинот на претходното владеење, расчистување со сомнежи и минатото и можност за конечно политичко созревање.
Муслиу смета дека следниве неколку дена до конституирање на новиот парламент ќе бидат многу интересни.
„Затоа што многу опции се отворени, апсолутно излегуваме од еден период на апсолутна власт на владејачката партија каде што желбата за компромиси беше многу помала и влегуваме во фаза во која компромисите им се потребни, тргнувајќи од потребата за компромис за формирање на новата влада. Кај албанските политички партии на некој начин се разви една дебата и за време на предизборието во однос на ставовите кои албанските политички партии би ги имале доколку влезат во новата влада.“
Професор Назми Малиќи смета дека, иако изборите беа оценети како демократски од сите релевантни фактори, оправдани се стравувањата дека работите нема да се сменат на подобро со однос на тоа што граѓаните повторно ќе ги гледаат истите политичари кои и досега ги водеа.
„Почетокот не е добар, повторно се гледа истиот политички ривализам како допрва да почнуваат изборите. Сепак политичките актери кои креираат политика кај нас, после изборите треба да ги забораваат македонските, албанските и балканските манири на градење на политика.“
Реформи и името
Но, изборите се зад нас и меѓународната заедница ги потсети политичарите дека новата влада мора брзо да продолжи со реформите што се неопходни за евроинтеграциите, а опозоцијата треба на конструктивен начин во Собранието да придонесе за реформскиот процес. Но, за експертите и ова е дискутабилно затоа што со новонастаната ситуација новите закони или измените на веќе
постоечките во голема мера ќе зависат од волјата на опозицијата, како и од политичкиот дијалог меѓу опонентите. Од друга страна, пак се наметнува и прашањето дали изборите создадоа основа за заеднички став за одблокирање на евроинтегрирање преку решавање на проблемот со Грција со името со однос на тоа што пред изборите и СДСМ се согласи со референдум а албанскте партии сакаат што побрзо да се реши.
Професор и поранешен министер за надворешни работи Денко Малевски смета дека сега силите во параламентот се прилично изедначени и
групирани во речиси два рамноправни блока и создадена е поволна политичка конфигурација за решавање на стратегиските прашања па единствен проблем ќе биде отсуството на способност за дијалог.
„Ако не отворат дијалог за суштинските проблеми на македонската држава и кои се нејзините стратешки цели и како да се остварат пред се бидејќи знаеме какви се, тогаш тој јаз може да се претвори во една бездна и да ја воведе државата во тешка криза.“
Тој додава дека кај албанските партии има расположение за решение на проблемот преку компромис, кај македонските партии има консензус дека тој проблем треба да се даде на референдум, но претходно тие треба да си го одработат својот дел односно да постигнат консензус за предлог решението што ќе го изнесат пред народот.
„Политичарите треба да научат да бидат одговорни за своите зборови и да знаат дека нивниот примарен интерес е да ги решаваат државните проблеми на Македонија, а не целата политика да ја сведуваат на персонални кавги. Знаејќи го типот на личностите, не сум сигурен дека ова е можно.“
Муслиу се согласува сега има политичка основа за решавање на тоа прашање само што е потребна политичка храброст и волја да се реши.Тој додава дека меѓунароната заедница со последните пораки дирекно укажуват ова прашање треба да биде приоритет на новата влада.
„Напоменуваат дека прашањето повеќе не може да се избегнува со што сакаат да ни укажат дека и трпението кај нашите западни партнери се намалува, сакаат да ни укажат дека и тие се свесни дека образложенијата кои претходно се користеа повеќе нема да поминат кај нив.“
Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле смета дека токму сега е зрело времето ирационалниот спор да се елиминира за да се спречат натамошни тензични и критични појави во земјава и дека политичарите немаат друг избор освен да се договорат за заеднички став.
„ДУИ нема некоја далечна позиција од таа на ВМРО-ДПМНЕ, нам ни треба безбедносен чадор, нам ни требаат европски вредности, така што владејачката коалиција веќе ќе го има ова прашање расчистено. Прашање е сега дали СДСМ тоа што го најави пред изборите го смета за сериозна платформа.“
Економија
Во своите изборни програми партиите за надворешната политика остапија само неколку странички, наспроти економијата која имаше централно место во нив. Се ветуваше економски раст, поголеми плати, пониски даноци и придонеси, станови за сите, но екпертите велеа не така. Тие предупредуваат дека последица на овие ветувања е буџет кој наместо од даноци ќе се полни од глоби и администратвни такси од
стопанството и граѓаните. Пари кои се истиснуваат во време кога сите фирми страдаат од неликвидност.
Мирче Чекреџи од Сојузот на Стопанските комори вели дел од ветувањата и на левицата и на десницата се преоптимистични. Тој додава дека се бизнисмените се оптоварени со големи давачки кон државата и затоа не може да отпочне новиот инвестициониот бран.
„Поради тоа владата мора да направи една добра, посеопфатна даночна реформа, намалувајќи ги даноците и да им даде на претпријатијата можност послободно да инвестираат во својот развој.“
Тој додава дека е потребно новата влада да ја упрости и поефтини процедурата за затварање на фирмите кои што банкнотирале.
„Како резултат на тоа ние сега во т.н бизнис опкружување имаме 60-тина илјади банкротирани компании, а тоа значи дека тоа го „загадува“ економскиот простор. Тоа е едно од нашите барања кое во овој мандат ќе треба да се реши.“
За економистите и биснисмените сметаа дека со изборите не добија ништо посебно затоа што тоа само послужи за дефокусирање на јавноста од реалните проблеми во општеството. Економскиот аналитичар Висар Адеми вели дека со честото организирање на избори земјава остава впечаток на економска и политичка несериозност.
„За странските компании во една земја во која често има избори покажуваме дека немаме зрелост, се покажуваме како нестабилна демократија. Како можеш да и гарантираш на една компанија дека можеш да и го обезбедиш имотот и стабилен пазар, кога како држава на секои две години организираш избори, така што правиме многу грешки во чекори.“
Тој додава дека тоа ќе има големо влијание врз промоцијата на земјава во странство.
„Ние продаваме скапи реклами, ја продаваме надвор Македонија како многу успешна приказна или „бизнис рај“, но реалноста е дека ние имаме на секои две години избори и тоа дава една многу лоша слика за нашите капацитети, и политички и економски.“
Според предвидените рокови и правила Македонија треба да добие нов парламентарен состав до 25 јуни, а новата влада најдоцна до 10 август. Па како што се вели во манифестот под секое ветување „нека е аирлија и да врви добро бизнисот“.
Специјалец призна дека уби 22-годишно момче во неделата вечер на плоштадот за време на изборната прослава на владејачката партија. Наредниот ден почнаа демонстрации во кои стотици млади луѓе протестираа на скопскиот плоштад против полициска бруталност. Дел од политичарите не пропуштија и за ова да си разменат отровни стрели. Корисниците на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук покажаа солидарност и единство како никогаш до сега, организираа протести на кои бараа правда и одговорност од убиецот и соучениците. Тие побараа од политичарите да не доаѓаат на нивниот протест и да престанат од нивната борба да прават партиска тепачка.
Протести против полициска бруталност:
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Избори, медиуми, конфузија...
По неполн ден од изборите уапсен е претседателот на опозициската партија Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, поради сомнение за злоупотреба на пари за финансирање изборна кампања и злоупотреба на службена должност. Истражниот судија му одреди 30 дена притвор. Хеслиншкиот комитет побара одговор на прашањето „Дали станува збор за политички реваншизам и замолчување на гласните критичари на власта или за владеење на правото подеднакво за сите, имајќи ја предвид кампањата која Бошкоски ја водеше во предизборието?“
Војната меѓу медиумите се заостри, едни осудуваат други , се закануваат, ја земаа правдата во свои раце, се прогласуваат за најподобни да говорат за етички стандари кои и самите често не ги почитуваат и делат совети за тоа зошто не треба да се протестира. Ни политичарите не остануваат покуси - и тие имаат што да им кажат на медиумите, како требало да известуваат, па и му порачуваат на народот кој медиум да не го гледа.
Овие неколку случувања ја одбележаа неделата по изборите на кои мнозинството граѓани гласаа за реформите кои им беа ветени.
Аналитичарите сметаат дека со апсењето на Бошкоски се отвораат многу прашања. Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека е создадена една конфузна ситуација која допрва треба да отвори дебата во јавноста за околностите и случувањата околу апсењето.
„Јас мислам дека едно нешто е исто така загрижувачки, а тоа е фактоте дека од МВР излегоа со соопштение дека користеле специјални истражни мерки за време на кампањата, јас мислам дека требале сериозно да размислат кога презеле такви мерки, зошто во тек на изборна кампања преземање на такви мерки може да значи и притисок врз политичките партии кои учествувале во кампањата.“
Затоа што многу опции се отворени, апсолутно излегуваме од еден период на апсолутна власт на владеачката партија каде што желбата за компромиси беше многу помала и влегуваме во фаза во која компромисите им се потребни, тргнувајќи од потребата за компромис за формирање на новата влада. Кај албанските политички партии на некој начин се разви една дебата и за време на предизборието во однос на ставовите кои албанските политички партии би ги имале доколку влезат во новата влада.
Нова Влада
Паралелно на овие случувања почнува и процесот преговори и создавање на нова владечка структура. Следува период на соочување со начинот на претходното владеење, расчистување со сомнежи и минатото и можност за конечно политичко созревање.
Муслиу смета дека следниве неколку дена до конституирање на новиот парламент ќе бидат многу интересни.
„Затоа што многу опции се отворени, апсолутно излегуваме од еден период на апсолутна власт на владејачката партија каде што желбата за компромиси беше многу помала и влегуваме во фаза во која компромисите им се потребни, тргнувајќи од потребата за компромис за формирање на новата влада. Кај албанските политички партии на некој начин се разви една дебата и за време на предизборието во однос на ставовите кои албанските политички партии би ги имале доколку влезат во новата влада.“
Професор Назми Малиќи смета дека, иако изборите беа оценети како демократски од сите релевантни фактори, оправдани се стравувањата дека работите нема да се сменат на подобро со однос на тоа што граѓаните повторно ќе ги гледаат истите политичари кои и досега ги водеа.
„Почетокот не е добар, повторно се гледа истиот политички ривализам како допрва да почнуваат изборите. Сепак политичките актери кои креираат политика кај нас, после изборите треба да ги забораваат македонските, албанските и балканските манири на градење на политика.“
Реформи и името
Но, изборите се зад нас и меѓународната заедница ги потсети политичарите дека новата влада мора брзо да продолжи со реформите што се неопходни за евроинтеграциите, а опозоцијата треба на конструктивен начин во Собранието да придонесе за реформскиот процес. Но, за експертите и ова е дискутабилно затоа што со новонастаната ситуација новите закони или измените на веќе
Ако не отворат дијалог за суштинските проблеми на македонската држава и кои се нејзините стратешки цели и како да се остварат пред се бидејќи знаеме какви се, тогаш тој јаз може да се претвори во една бездна и да ја воведе државата во тешка криза.
Професор и поранешен министер за надворешни работи Денко Малевски смета дека сега силите во параламентот се прилично изедначени и
групирани во речиси два рамноправни блока и создадена е поволна политичка конфигурација за решавање на стратегиските прашања па единствен проблем ќе биде отсуството на способност за дијалог.
„Ако не отворат дијалог за суштинските проблеми на македонската држава и кои се нејзините стратешки цели и како да се остварат пред се бидејќи знаеме какви се, тогаш тој јаз може да се претвори во една бездна и да ја воведе државата во тешка криза.“
Тој додава дека кај албанските партии има расположение за решение на проблемот преку компромис, кај македонските партии има консензус дека тој проблем треба да се даде на референдум, но претходно тие треба да си го одработат својот дел односно да постигнат консензус за предлог решението што ќе го изнесат пред народот.
„Политичарите треба да научат да бидат одговорни за своите зборови и да знаат дека нивниот примарен интерес е да ги решаваат државните проблеми на Македонија, а не целата политика да ја сведуваат на персонални кавги. Знаејќи го типот на личностите, не сум сигурен дека ова е можно.“
Напоменуваат дека прашањето повеќе не може да се избегнува со што сакаат да ни укажат дека и трпението кај нашите западни партнери се намалува, сакаат да ни укажат дека и тие се свесни дека образложенијата кои претходно се користеа повеќе нема да поминат кај нив.
Муслиу се согласува сега има политичка основа за решавање на тоа прашање само што е потребна политичка храброст и волја да се реши.Тој додава дека меѓунароната заедница со последните пораки дирекно укажуват ова прашање треба да биде приоритет на новата влада.
„Напоменуваат дека прашањето повеќе не може да се избегнува со што сакаат да ни укажат дека и трпението кај нашите западни партнери се намалува, сакаат да ни укажат дека и тие се свесни дека образложенијата кои претходно се користеа повеќе нема да поминат кај нив.“
Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле смета дека токму сега е зрело времето ирационалниот спор да се елиминира за да се спречат натамошни тензични и критични појави во земјава и дека политичарите немаат друг избор освен да се договорат за заеднички став.
„ДУИ нема некоја далечна позиција од таа на ВМРО-ДПМНЕ, нам ни треба безбедносен чадор, нам ни требаат европски вредности, така што владејачката коалиција веќе ќе го има ова прашање расчистено. Прашање е сега дали СДСМ тоа што го најави пред изборите го смета за сериозна платформа.“
Економија
Во своите изборни програми партиите за надворешната политика остапија само неколку странички, наспроти економијата која имаше централно место во нив. Се ветуваше економски раст, поголеми плати, пониски даноци и придонеси, станови за сите, но екпертите велеа не така. Тие предупредуваат дека последица на овие ветувања е буџет кој наместо од даноци ќе се полни од глоби и администратвни такси од
Ние продаваме скапи реклами, ја продаваме надвор Македонија како многу успешна приказна или „бизнис рај“, но реалноста е дека ние имаме на секои две години избори и тоа дава една многу лоша слика за нашите капацитети, и политички и економски.
Мирче Чекреџи од Сојузот на Стопанските комори вели дел од ветувањата и на левицата и на десницата се преоптимистични. Тој додава дека се бизнисмените се оптоварени со големи давачки кон државата и затоа не може да отпочне новиот инвестициониот бран.
„Поради тоа владата мора да направи една добра, посеопфатна даночна реформа, намалувајќи ги даноците и да им даде на претпријатијата можност послободно да инвестираат во својот развој.“
Тој додава дека е потребно новата влада да ја упрости и поефтини процедурата за затварање на фирмите кои што банкнотирале.
„Како резултат на тоа ние сега во т.н бизнис опкружување имаме 60-тина илјади банкротирани компании, а тоа значи дека тоа го „загадува“ економскиот простор. Тоа е едно од нашите барања кое во овој мандат ќе треба да се реши.“
За економистите и биснисмените сметаа дека со изборите не добија ништо посебно затоа што тоа само послужи за дефокусирање на јавноста од реалните проблеми во општеството. Економскиот аналитичар Висар Адеми вели дека со честото организирање на избори земјава остава впечаток на економска и политичка несериозност.
Поради тоа владата мора да направи една добра, посеопфатна даночна реформа, намалувајќи ги даноците и да им даде на претпријатијата можност послободно да инвестираат во својот развој.