Ветувања за пензионерите

Пензионери во центарот на Скопје

Политичките партии не се штедат во бројните ветувања до пензионерите, обидувајќи се да го добијат нивниот глас. Но, им веруваат ли?
Од ветувања за бесплатно здравство и бесплатна достава на лекови за пенизонерите во руралните средини, до ветувања за социјална пензија за лицата над 65 години и усогласувања на пенизиите на секои три месеци. Вака е пред секој изборен циклус во Македонија. И во ова предизборие не недостасуваат повиците за гласање до пензионерите, кои многупати досега покажаа дека излегуваат масовно на гласање. А пензионерите ги најдовме на клупите во градскиот парк и ги прашавме дали им веруваат на политичките партии и нивните ветувања. Еве што ни кажаа:
Не верувам воопшто во ништо. Веќе сум скептична во било кој што ќе дојде на власт дека прво гледа за себе.

„Не верувам воопшто во ништо. Веќе сум скептична во било кој што ќе дојде на власт дека прво гледа за себе.“

„Тоа што ветуваат сега, тоа е се лага.“

„Што ќе ми дадат, да видам. Ако ми дадат тогаш ќе верувам, а додека не ми дадат не верувам.“

„Околу 270-280 илјади пензионери мислат дека ќе ги излажат со 200-500 денари. Не се лаже веќе човек со тие пари.“

Иако признаваат дека предизборните ветувања се само начин да се дојде до глас повеќе, има и пензионери кои велат дека некои од работите што им биле ветени се исполнети, и оти добро им дошло покачувањето на пензиите.
Околу 270-280 илјади пензионери мислат дека ќе ги излажат со 200-500 денари. Не се лаже веќе човек со
тие пари.

„Скоро 25 отсто ми се покачи пензијата.“

„Зависи кој колку има пензија.“

„Има промени на подобро.“

Политиколозите велат дека партиите им се обраќаат на пензионерите бидејќи се бројна категорија на потенцијални гласачи. Освен нивната бројност, досегашното искуство покажало дека тие се верни и дисциплинирани гласачи, вели политикологот Владимир Божиноски.

„Населението, како и во остатокот од Европа се повеќе старее, така што и оваа демографска категорија на некој начин се зголемува, со намалувањето на наталитетот и зголемувањето на просечната старост, групата пензионери веќе станува се поинтересна како демографска
Што ќе ми дадат, да видам. Ако ми дадат тогаш ќе верувам, а додека не ми
дадат не верувам.
категорија на гласачи. Исто така пензионерите доста масовно излегуваат на изборите.“

Кому ќе му веруваат пензионерите треба да покаже нивната сопствена проценка и убедување, посочува Божиновски:

„Врз база на исполнетите ветувања, значи врз база на она што е остварено ќе одлучат кому да го дадат својот глас.“

Најави за подобри и повисоки пензии, како и други поволности за пенизонерите деновиве стигнаа од двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.