Коалициски изненадувања?

Лидерите на една маса - кој со кого ќе коалицира?

Овие избори може да изненадат со буквално сите можни коалиции. За почеток, помалите десничарски партии покажуваат наклонетост за коалицирање со левицата.
ВМРО-Народна партија не крие дека по 5 јуни може да се случи коалиција и со Социјалдемократскиот Сојуз. Претседателот на оваа партија Марјан Додовски вели дека членството на Народна, или, како што ги нарекува вистинските вмровци, покажуваат револт кон актуелните политики на ВМРО-ДПМНЕ, а се повеќе заинтересираност за соработка со социјалдемократите.
Оваа кампања може да изненади буквално со сите можни коалиции. Кога ќе кажеме дека 70%, не велат дека сакаат со СДСМ, ама велат дека не сакаат со ВМРО-ДПМНЕ и дека се поблиску со размислувањето до СДСМ отколку до ВМРО-ДПМНЕ.


„Значи оваа кампања може да изненади буквално со сите можни коалиции. Кога ќе кажеме дека 70%, не велат дека сакаат со СДСМ, ама велат дека не сакаат со ВМРО-ДПМНЕ и дека се поблиску со размислувањето до СДСМ отколку до ВМРО-ДПМНЕ што за едни десни партии е нешто посебно“, изјави Додовски.

Впечатокот во јавноста дека почетните митинзи на помалите десничарски партии покажуваат знаци на наклонетост за коалицирање со левицата, го дели и Додовски.

„Треба да размислат во ДПМНЕ што напрвија што успеаа толку да ги изреволтираат вмровците, толку да ги понижат за во таков процент да ги доведат така да размислуваат.“

За ВМРО-НП, СДСМ е поприфатлив од новото ВМРО-ДПМНЕ

Во владејачаката ДУИ велат дека односите со сите партии, вклучувајќи го и нивниот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ, се коректни. Наш стратешки партнер е гласачот, а не која било партија, вели Џеват Адеми од Демократската Унија за интеграции.

„Во овие два-три дена кампања, апсолутно не сме се занимавале ниту со ВМРО-ДПМНЕ, ниту со СДСМ и едноставно не не интересира.“

Неодамнешната изјава на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ била изнудена, за политичките аналитичари е во функција на предизборниот маркетинг на ДУИ.
Се уриваат оние веќе долго воспоставени линии на лево ориентирани политички партии и десно ориентирани политички партии.

„Тие беа доста критикувани за инертна позиција во владата, за немање активности, за недостојно имплементирање на нивната програма во владата бидејќи се сметаше дека ВМРО-ДПМНЕ во владата си ја имплементира само својата програма.“

Она што е проблематично, според Садику, е феноменот на групирање на партиите со различни идеологии и ставови, со една единствена цел, промена на сегашната владина коалиција.

„Се уриваат оние веќе долго воспоставени линии на лево ориентирани политички партии и десно ориентирани политички партии.“

Според Садику, овие парламентарни избори ќе бидат неизвесни, што пак предизвикува притисок врз партиите и нивните преференции за постизборно коалицирање.