Вкупно 1.821.122 граѓани на Република Македонија и 7.258 македонски државјани кои живеат во странство ќе можат да гласаат на предвремените парламентарни избори на 5 јуни. Тие ќе ги изберат идните 123 пратеници во Собранието, од кои 120 од шесте изборни единици на територијата на Република Македонија (по 20 во секоја) и тројца од дијаспората, по еден пратеник од трите изборни единици во странство - во Европа и Африка, во Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија.
Според податоците во Избирачкиот список што го заклучи Државната изборна комисија, право на глас во Првата изборна единица имаат 302.864, во Втората 312.720, во Третата 291.140, во Четвртата 292.596, во Петата 303.686 и во Шестата изборна единица 318.116 гласачи.
Во дијаспората, за гласање во и.е. Европа и Африка се пријавиле 4.653 иселеници, во Северна и Јужна Америка 1.832, а во и.е. Австралија и Азија 773 избирачи.