Изборни активности на СДСМ

Генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров денеска на прес-конференција посочи дека вчера преку 60 илјади граѓани испратиле порака дека сакаат подобра иднина, развој, напредок... Според него, народот вчера дал поддршка за програмата и кандидатите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Нашата програма е владина програма, со вистински решенија за проблемите на граѓаните. Нашите кандидати се докажани и почитувани луѓе во својата професија и средина каде што живеат. Граѓаните тоа го препознаа. Со предизборната кампања ќе ја покажеме разликата помеѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ.

„Нашата програма е владина програма, со вистински решенија за проблемите на граѓаните. Нашите кандидати се докажани и почитувани луѓе во својата професија и средина каде што живеат. Граѓаните тоа го препознаа. Со предизборната кампања ќе ја покажеме разликата помеѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ“, рече Петров.

СДСМ смета дека во услови кога секој трет граѓанин е сиромашен, подвлече генералниот секретар на партијата, невиден безобразлук е да се трошат милионски суми евра во предизборна кампања. Затоа СДСМ во оваа кампања нема да троши пари на билборди и плакати, туку, информира, во духот на старата македонска традиција, тие ќе чукнат на вратата на секој дом со кафе и локум. Својата кампања СДСМ ќе ја води во директен контакт со граѓаните, кандидати ќе разговараат со секој граѓанин, ќе ги сослушаат нивните проблеми и маки.

Заев во Прилеп


Носителот на листата на СДСМ во четвртата изборна единица, Зоран Заев денеска беше во Прилеп, каде на граѓаните им ја објасни партиската изборна програма.
Тој најави исклучително позитивна кампања, во секое населено место, како и на пултови со флаери каде ќе ја претставуваат програмата на СДСМ.
Заев потенцира дека фокусот е ставен на економските прашања, на отворање работни места за младите и другите граѓани.

„Сакаме да пуштиме порака дека нудиме решение и нови работни места. Ако во Струмица има 32 нови фабрики, 12 нови откупни пункта кои
Сакаме да пуштиме порака дека нудиме решение и нови работни места. Ако во Струмица има 32 нови фабрики, 12 нови откупни пункта кои вработуваат 3250 луѓе, тогаш тоа може да го има во цела Македонија.
вработуваат 3250 луѓе, тогаш тоа може да го има во цела Македонија“, изјави Заев.

Прашањето за името, рече тој, е вградено во програмата на СДСМ.

„Ова прашање, со тоа што го ставивме на конкретен начин во нашата програма, сакавме да го отргнеме од темата на овие избори. Нема родено политичар во Македонија кој што е подготвен да го промени Уставот поради промена на уставното име. Во нашата програма вградивме референдум. На крајот, да, го прифативме решението како ВМРО-ДПМНЕ поради тоа што дефинитивно ова прашање е крупно, важно, за сите граѓани на Република Македонија“, потенцира Заев, носител на листата на СДСМ во четвртата изборна единица.

Зоран Заев го повика Марјан Ристески, кој е втор на листата на ВМРО-ДПМНЕ во оваа изборна единица, да се изјасни дали ќе остане градоначалник или ќе биде пратеник.