Континуирано кршење на човековите права

Амнести интренешнл со многу забелешки за состојбите со човековите права и слободи во Македонија.
Катастрофални услови во психијатриските институции, континуирано кршење на човековите права на пациентите. Дискриминација и малтретирање од страна на полицијата и другите власти врз Ромите и Албанците во земјава. Бавен напредок во обвиненијата за воени злосторства и влијание на
На пример во Косово има 1820 луѓе кои се исчезнати од крајот на 2010 година или во Македонија каде продолжува неказнувањето на присилното исчезнување на шест лица.
извршната власт врз правосудниот систем. Овие се главните забелешки за Македонија во најновиот извештај на Амнести Интернешнал.

Заменик директорот за Европа и Централна Азија, Андреа Хубер посочува дека на Балканот се врши континуирано кршење на човековите права и слободи.

„Што се однесува на присилното исчезнување, на прв поглед изгледа дека тоа е практика од минатото. Но ако подобро погледнете, тогаш сфаќате дека се работи за континуирано кршење на човековите права. Ширум регионот постојат илијадници луѓе кои се предмет на присилно исчезнување, а нивните најблиски се уште чекаат вест за нивната судбина. И тоа загрижува. На пример во Косово има 1820 луѓе кои се исчезнати од крајот на 2010 година или во Македонија каде продолжува неказнувањето на присилното исчезнување на шест лица. Ова е тренд во целиот регион“ ,изјави Хубер.
Во Република Македонија не се разви во овие 20 години култура на слушање на критиката. Напротив, во моментот кога ќе дојдат вакви забелешки се дигаат гардовите и се пристапува кон користење серија од одрбранбени механизми.

Домашната јавност вели дека не е изненадена од забелешките во извештајот. Професорката Мирјана Најчевска вели дека годинешниот извештај не се разликува од претходните и според неа токму тоа треба да не загрижи.

„Во Република Македонија не се разви во овие 20 години култура на слушање на критиката. Напротив, во моментот кога ќе дојдат вакви забелешки се дигаат гардовите и се пристапува кон користење серија од одрбранбени механизми.“

Народниот правобранител Иџет Мемети не сака да го коментира извештајот на Амнести Интернешнал. Сепак укажува на зголеменото ниво на повреди на човековите права и слободи во земјава, на селективното дејствување на институциите, на дискриминацијата, на слабостите во јавната администреација и судскиот ситем.
Забелешките сметам дека не држат, ние веќе преставки третиравме од овој вид. Постоиме, работиме, ги препознаваме проблемите, ја подигаме свеста меѓу граѓаните

„Нашите судови сеуште не успеваат проблемот на судење во разумен рок да го надминуваат. Според тоа, сеуште кај нас има одолговлекување постапки.“

Во извештајот меѓудругото се посочува дека македонскиот Парламент усвои закон за антидискриминација, кој не ги исполнил стандардите на ЕУ, бидејќи во него не биле вклучени правата на луѓето со различна сексуална определба. На ова реагира претседателот на комисијата за антидискриминација, Душко Миновски.

„Забелешките сметам дека не држат, ние веќе преставки третиравме од овој вид. Постоиме, работиме, ги препознаваме проблемите, ја подигаме свеста меѓу граѓаните“, вели Миновски Миновски.