Независниот синдикат на земјоделците повика на селанска буна, доколку не се организира откуп на неоткупените количества тутун.
Независниот синдикат на земјоделците на Македонија од Дебреште повика на селанска буна, доколку министерот за Љупчо Димовски итно не организира откуп на неоткупените количества тутун во државата. Ако не се отворат вратите на откупните пунктови, Независниот синдикат ќе бара оставка на Димовски.
„Еве ќе дојде друга среда, откупот не е почнат. Даваме рок на министерот за земјоделство 24 часа, до 12 часот на пладне, или да ги отвори откупните претпријатија или да си замине од фотелјата, доста му е удобна три години. Ако вослучај не ни даде одговор, ние собираме селски бунт и ние ќе кажеме какви услови ќе диктираме“, вели Моника Велеска од Независниот синдикат на земјоделците на Македонија.
Ако не се оствари ова барање, независниот синдикат се закани и со бојкот на сите избори во иднина, зашто земјоделците се чувствуваат изневерени, без каква било грижа од државата и политичките партии.
„Нас не не интересира дали Бранко ќе оди на избори, дали Никола нема да оди на избори, нас не интересира да се откупи тутунот и да се помогне наовој измачен народ, кој што работи деноноќно. Ние имаме една вера и една партија, а тоа е земјоделството и земјоделската партија“, истакнува Ристе Бањеглав, претседател на Независниот синдикат на земјоделци на Македонија.
Најзагрозени со оваа откупна кампања се тутунарите од долненско. Само во Дебреште не се откупени околу 200 тони тутун, а двојно повеќе има во целата Општина.
„Стои тутунот скапан, не ми го откупуваат, го вратив некни од пунктот. Не сум само јас народот немаат по еден лист откупено“, вели Борче Велески, тутунар од Дебреште.
„Пунктовите ги повлекоа, народот им скапува тутунот, време е да се сади друг, а ние уште дома го чуваме“, вели Неад Даутоски, исто така долгогодишен производител од ова село.
„Дома скапува нареден, пред 3 месеци ми е пеглан, фрлен таму под сушница“, се жали тутунарот Салим Амшоски.
Земјоделците се жалат дека откупните фирми воопшто не ги почитуваат потпишаните договори, а за новите договори за годинешната реколта, се чувствуваат изиграни, бидејќи воведените новини од Министерството за земјоделство за краток рок се неостварливи.
Даваме рок на министерот за земјоделство 24 часа, до 12 часот на пладне, или да ги отвори откупните претпријатија или да си замине од фотелјата, доста му е удобна три години. Ако вослучај не ни даде одговор, ние собираме селски бунт и ние ќе кажеме какви услови ќе
диктираме.
„Еве ќе дојде друга среда, откупот не е почнат. Даваме рок на министерот за земјоделство 24 часа, до 12 часот на пладне, или да ги отвори откупните претпријатија или да си замине од фотелјата, доста му е удобна три години. Ако вослучај не ни даде одговор, ние собираме селски бунт и ние ќе кажеме какви услови ќе диктираме“, вели Моника Велеска од Независниот синдикат на земјоделците на Македонија.
Ако не се оствари ова барање, независниот синдикат се закани и со бојкот на сите избори во иднина, зашто земјоделците се чувствуваат изневерени, без каква било грижа од државата и политичките партии.
„Нас не не интересира дали Бранко ќе оди на избори, дали Никола нема да оди на избори, нас не интересира да се откупи тутунот и да се помогне наовој измачен народ, кој што работи деноноќно. Ние имаме една вера и една партија, а тоа е земјоделството и земјоделската партија“, истакнува Ристе Бањеглав, претседател на Независниот синдикат на земјоделци на Македонија.
Нас не не интересира дали Бранко ќе оди на избори, дали Никола нема да оди на избори, нас не интересира да се откупи тутунот и да се помогне на овој измачен народ, кој што работи деноноќно. Ние имаме една вера и една партија, а тоа е земјоделството и земјоделската
партија.