Пелагониските тутунари до понеделник ги ставија протестите во мирување, а Штрајкувачкиот одбор ги повика тутунарите да го предаваат родот, за да се уверат сами по која просечна цена се врши откуп на реколтата. Штрајкувачкиот одбор тврди дека ќе стои зад одлуките и оценките на тутунарите.
,,До понеделник ќе се одложуваат протестите, да видиме каква е ситуацијата на терен, затоа сакаме да назначиме, луѓето ги повикуваме да го носат, тука доаѓаат луѓе кои не ги повикуваме и сами го изразуваат своето незадоволство."
Вели Кире Неделковски, претседател на Штрајкувачки Одбор на пелагониските тутунари. На откупните пунктови во Прилеп пак се врши откуп, но според забелешките на производителите со многу мала динамика.
Од тутунарите што ги затекнавме единствено Дејан Китаноски, кооперант на Центро-табак е позадоволен од проценката.
,,Добро помина, средно, втора тројка, А3, Б3 е сега според класата."
Истакнува Дејан Китаноски. Останатите производители главно сенезадоволни од откупните цени, кои велат се пониски за една до две класи.
,,Б3 ги даваат, втората рака, третата, не оди тутунот никако..130 денари нема да оди."
,,Дома си го носат не плаќаат, тројка Б му даваам тројка А, тука е, не вреди ништо. И Соко-Мак, та и овде, толкаво тутунче му даваат тројка."
,,Не оди никаква цена и нема потреба да се малтретира човек со ова, децата ни страдаат."
Додека од Штрајкувачкиот одбор ги повикуваат министерот Љупчо Димовски и Сојузот на тутунски здруженија да излезат на терен и да го следат откупот, претседателот на Сојузот, Данчо Милески тврди деканивните повереници ќе се најдат на секое откупно место.
,,Сакам да ги повикам тутунарите, да го носат во откупните пунктови. И покрај инспекторатот што ги има засилено нивните контроли и од страна на тутунските здруженија имаме по тројца по четворица повереници пуштено, доколку се појават неправилности, ние благовремено, одма реагираме."
Тврди Милески. А, министерот за земјоделство, Димовски исто така е категоричен дека е извршена целосна координација и дека ќе се реализираат мерки договорени на парламентарната седница.
,,Чекори и активности кои Министерството, Владата заедно со Сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите ќе ги преземе во надминување на актуелната состојба со откупот на тутунот. Оние што се наведени во заклучокот на Собранието."
Истакна министерот Димовски. Годинешната реколта е тешка 25.000 тони, а тутунарите бараат да биде откупена по цена од 192 денари за килограм како и ланската, затоа тие протестираа околу 20 дена.
До понеделник ќе се одложуваат протестите, да видиме каква е ситуацијата на терен, затоа сакаме да назначиме, луѓето ги повикуваме да го носат, тука доаѓаат луѓе кои не ги повикуваме и сами го изразуваат своето незадоволство
,,До понеделник ќе се одложуваат протестите, да видиме каква е ситуацијата на терен, затоа сакаме да назначиме, луѓето ги повикуваме да го носат, тука доаѓаат луѓе кои не ги повикуваме и сами го изразуваат своето незадоволство."
Вели Кире Неделковски, претседател на Штрајкувачки Одбор на пелагониските тутунари. На откупните пунктови во Прилеп пак се врши откуп, но според забелешките на производителите со многу мала динамика.
Од тутунарите што ги затекнавме единствено Дејан Китаноски, кооперант на Центро-табак е позадоволен од проценката.
,,Добро помина, средно, втора тројка, А3, Б3 е сега според класата."
Истакнува Дејан Китаноски. Останатите производители главно се
Не оди, никаква цена и нема потреба да се малтретира човек со ова, децата ни страдаат
,,Б3 ги даваат, втората рака, третата, не оди тутунот никако..130 денари нема да оди."
,,Дома си го носат не плаќаат, тројка Б му даваам тројка А, тука е, не вреди ништо. И Соко-Мак, та и овде, толкаво тутунче му даваат тројка."
,,Не оди никаква цена и нема потреба да се малтретира човек со ова, децата ни страдаат."
Додека од Штрајкувачкиот одбор ги повикуваат министерот Љупчо Димовски и Сојузот на тутунски здруженија да излезат на терен и да го следат откупот, претседателот на Сојузот, Данчо Милески тврди дека
И покрај инспекторатот што ги има засилено нивните контроли и од страна на тутунските здруженија имаме по тројца по четворица повереници пуштено, доколку се појават неправилности, ние благовремено, одма реагираме