Неискористеност на ИПАРД фондовите

Руралните и аграрните бизниси недоволно ги користат ИПАРД средствата

Граѓаните во општината Куманово не се доволно запознаени со условите и начините за аплицирање на искористување на средствата од ИПАРД програмата, наменети за руралните и аграрните бизниси.
Затоа „Инфо точка“ при оваа локална самоуправа преку претставници од ЕУ организира презентации за подобро информирање и упатства на невладиниот сектор и земјоделските здруженија. Намерата е да им се олесни патот до ИПАРД Фондовите, вели Андријана Колевска. Според неа, до сега се организирани две вакви презентации, но планирани се уште во текот на овој
Претставници од месните заедници, здружение на земјоделските производители и останати претставници од невладините организации, се покажа дека мнпогу малку знаат за овие фондови.
месец.

„Претставници од месните заедници, здружение на земјоделските производители и останати претставници од невладините организации, се покажа дека мнпогу малку знаат за овие фондови.“

За доближување на овие фондови, односно за нивното користење „Инфо точка“ презема одредени активности:

„Презема активности да доведе специјални гости од ЕУ делгацијата од Скопје кои директно, на лице место ќе ја презентираат програмата и ќе одговараат на конкретни прашања како може да аплицираат и како да ги користат тие фондови“, вели Андријана Колевска од Инфо точка при Општината Куманово.
На почеток сме на спроеведување на ИПАРД програмата во Република Македонија за оваа година.



Џон Баркер, еден од експертите на Делегацијата на ЕУ во нашата земја, вели дека има позитивни искуства со заинтересираноста на нашите граѓани за користење на ИПАРД фондовите и спроведување на оваа програма на ЕУ. До сега имало заинтересирани, вели Баркер.

„На почеток сме на спроеведување на ИПАРД програмата во Република
Можат земјоделците и деловните рурални бизниси да дадат свои барања. Програмата ќе трае 6-7 години.
Македонија за оваа година.“

Баркер додава дека:

„Можат земјоделците и деловните рурални бизниси да дадат свои барања. Програмата ќе трае 6-7 години, до сега се издвоена вредност од 2, 3 евра, а понатаму таа вредност ќе се зголемува.“

Дел од кумановци се заинтересирани детално да ги дознаат информациите, но сеуште не ги зафатила „еуфоријата“ за средствата од ИПАРД програмата.