Досега се објавени два огласи на кои конкурираа 250 земјоделци, а само четири корисници ги добија парите. Според Вељо Тантаров од Сојузот на земјодеци, малку од земјоделците ги добиле средствата поради неисполнување на условите. Една од можните причини според него е во проблемите поврзани со градење објекти на земјоделски површини. Сега, со менување на Законот за земјоделско земјиште, со кој се дозволува и на земјоделски површини да може да се градат објекти за потребите на земјоделците без да се плати голема такса тој се надева дека третиот оглас ќе биде повеќе посетен:
„На пример, ако еден квадрат земја на слободниот пазар можеше да се продаде за едно евро, за премерување се плаќаше такса која беше два и пол пати поголема од реалната цена на земјиштето. Сега со овој закон се надеваме дека ќе има поголем интерес.“
Денес во ЕУ со земјоделство се занимаваат мултинационални компании па поставуваат такви услови што на малите и средни стопанственици им е отежнато занимавањето со профитабилно работење. Во конвенционалното земјоделство кај нас пак со парите што ги заработува земјоделецотпродавајќи ги своите производи, најголемиот дел од зарботувачката мора да ја издвојува за пестициди, ѓубриво, машини, гориво... Цените на призводството растат, па за негово сервисирање е потребно и задолжување во банките за да се оддржи моменталната состојба. Ова ги тера земјоделците кон одбегнување на ризици, вели професор Борис Анакиев, аналзирајќи ги можните други причини за малата искористеност на фондовите:
„Не се осмелуваа да се задолжуваат, а сопствени пари немаат за потоа да добијат 50% од средствата назад, кредитите од банките не се поволни, сега последното склучување на договор меѓу банките и агенцијата е добро ако успеат да имаат и идеи, бидејќи нашиве земјоделци и немаат доволно идеи во што да се инвестира, така ќе се олесни тој момент.“
Бидејќи повеке од 90 проценти од можните вложувања не се искористени се поставува прашањето, дали има и други причини? Едно од прашањата што може да се постави е и дали таквата мала искористеност е резултат и на начинот на работа на службениците во агенцијата кои се платени за поддршка на земјоделците:
„Ние имаме службеници, но нејаснотиите се уште се заради тоа што еднаш се кажува, се кажува на собири, тоа е она за кое ние зборуваме, дека интерактивните состаноци во мали групи кои ние ги иницираме се најправилниот начин за појасно дефинирање на целите за инвестиција“, вели Андреја Секуловски од Федерацијата „Фармер“.
Третиот оглас за ИПАРД средставата ќе трае до 14-ти април. Според Агенцијата за поддршка, апликациите ќе се обработуваат до средината на јули, по што е предвидено и потпишување договори.
„На пример, ако еден квадрат земја на слободниот пазар можеше да се продаде за едно евро, за премерување се плаќаше такса која беше два и пол пати поголема од реалната цена на земјиштето. Сега со овој закон се надеваме дека ќе има поголем интерес.“
Денес во ЕУ со земјоделство се занимаваат мултинационални компании па поставуваат такви услови што на малите и средни стопанственици им е отежнато занимавањето со профитабилно работење. Во конвенционалното земјоделство кај нас пак со парите што ги заработува земјоделецот
Не се осмелуваа да се задолжуваат, а сопствени пари немаат за потоа да добијат 50% од средствата назад.