Чисти партиски сметки?

Со години во Македонија најголема непознаница е финансирањето на политичките партии. На прагот пред нови избори, сомнежите остануваат.
Можеби се уште нема одговор на прашањето кога ќе се одржат предвремените избори, но едно се знае, ќе ги има наскоро. А пред тоа кампањи, штабови, реклами, капи, пенкалца, запалки, посети на градови и села, ручеци, борба за секој глас. Темата избори, отвара уште еден куп други прашања, едно до нив е и финасирањето на партиите. А, како се финансираат партиите, е тоа е веќе „прашање за милион долари“. Експертите велат дека црни извори, мистериозни донатори, пари на кои не им е познато потеклото, се влеваат во штабовите на политичките партии, дел од нив се нелегални и незаконски. Проблем има и со процесуирањето на предметите кои се однесуваат на нелегалното финансирање на политичките партии, велат експертите.

Како и да е, се отвара многу протор за сомнежи, а измените на постојниот закон за финансирање на политички партии се најавени за најрано во мај,
Толерирањето на коруптивниот однос во овој дел е прашање на свест што владее во политичките партии и прашање на свест којашто треба да се менува.
што би значело дека ако избори има пред тоа, останува можноста кампањите да бидат финасирани со сомнителни пари. Според финансиските извештаи на партиите, најголеми донатори се физички лица, медиуми, и туку таму по некоја фирма.

Многу сомнежи

Од Државната антикорупциска комисија велат дека начинот на финансирање на партиите треба да се реши пред да се оди на избори. Партиите, пак, велат дека ги почитуваат активностите за спречување на корупцијата при финасирањето. Пратеникот Петар Поп Арсов од ВМРО-ДПМНЕ вели дека партиите треба да се заложат да се имплементира и да се почитува законот за финансирање на партиите. Поп Арсов вели дека ВМРО-ДПМНЕ ги подржува сите иницијативи кои имаат за цел да се сузбие корупцијата во финансирањето на партиите:

„Толерирањето на коруптивниот однос во овој дел е прашање на свест што владее во политичките партии и прашање на свест којашто треба да се менува.“


Опозицијата, пак, се сомнева за корупцијата во релациите меѓу партиите и медиумите. Од СДСМ велат дека со парите за владините кампањи се финансираат изборните кампањи. Рената Дескоска од СДСМ вели дека ако се погледнат извештаите на партиите, може да се забележи дека оние медиуми кои добиваат „добри“ пари од владини кампањи, потоа донираат пари на партии од власта.

„И онаму каде што ќе се јават сомневања дека има злоупотреба на буџетски или други средства не видовме соодветна реакција на државните органи, ниту покренување на судска постапка за испитување дали станува збор за криминално финансирање на изборни кампањи.“
И онаму каде што ќе се јават сомневања дека има злоупотреба на буџетски или други средства не видовме соодветна реакција на државните органи, ниту покренување на судска постапка за испитување дали станува збор за криминално финансирање на изборни кампањи.


На последните претседателски избори најголем донатор за кампањата на Ѓорге Иванов е телевизијата Канал 5, следи телевизијата А1, а трета е телевизијата Сител.

Партиите ги сакаат изборите и поради парите што ги добиваат од државниот буџет. 180 денари по освоен глас добиваат партиите кои освоиле најмалку 1% од гласовите на избори. На последните парламентарни избори, во 2008-ма, во најголема добивка беше владеачката ВМРО ДПМНЕ која освои најмногу гласови, но во исто време и најмногу потроши за кампањата или околу 1,3 милиони евра. СДСМ, според извештаите потрошила околу половина милион евра.

Помалите партии во нерамноправна положба

Но, помалите партии се жалат дека со парите кои им следат од буџетот, не можат рамноправно да се борат за гласови со големите играчи. Портпаролот на Нова демократија Аријанит Хоџа вели дека средствата што ги добиваат од буџетот не се според тоа што го заслужуваат политичките партии.

„Секогаш за партиите што се дел од власта останува сомневање за злоупотреба на нивната моќ во власта за финансирање на партиите. Значи апсолутно средствата што се одвојуваат за политичките партии што не се рамномерно распределени воопшто не можат да придонесат за елементарното функционирање на една политичка партија.“

Еден од предлагачите на Законот за финансирање на партии, Андреј Жерновски од ЛДП, вели дека според законот политичките партии на крај добиваат онолку колку што освоиле гласови и пратеници.
Секогаш за партиите што се дел од власта останува сомневање за злоупотреба на нивната моќ во власта за финансирање на партиите. Значи апсолутно средствата што се одвојуваат за политичките партии што не се рамномерно распределени воопшто неможат да придонесат за елементарното функционирање на една политичка партија.


„Меѓутоа не доволно за да се спречи нешто што сакаат политичките партии да се спречи во било која земја, особено во Македонија се разбира, а тоа е да помалите политички партии воопшто да добијат средства и затоа во законот е забележано финасирање дури и на вон парламентарни партии.“

Согласно Законот за финансирање на политичките партии, политичките партии имаат обврска да достават годишен финансиски извештај заклучно со 31 март тековната година, за финансиското работење во претходната година. Партиите имаат се уште време да достават извештаи за минатата година. Според податоците на Државниот завод за ревизија во 2009 година таа обврска ја исполниле единаесет политички партии, и тоа: Демократска лига на Бошњаците, Партија на пензионерите на Република Македонија, Обединета партија за еманципација на Ромите, Партија за Нова демократија, Либерална партија, Унија за култура на власите, Социјалистичка партија, Нова социјалдемократска партија (НСДП), Демократска партија на Србите во Македонија, Партија за европска иднина (ПЕИ) и Демократски сојуз.

Партиите имаат обврска да доставуваат и квартални извештаи и тоа за периодите: 01 јануари – 31 март, 01 април – 30 јуни, 01 јули – 30 септември, 01 октомври – 31 декември, за тековната година. Оваа обврска, политичките партии ја исполнуваат нередовно, велат од ДЗР. Според државните ревизори оваа обврска ја исполниле следниве политички партии: Демократски сојуз; Либерална партија; Либерално-демократска партија; СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ (само за еден квартал). Но, согласно законот Државниот завод за ревизија нема законски ингеренции за
изречување на санкции за оние политички партии кои не поднесуваат
финансиски извештаи до нив.

Скриените пари на партиите се темел на корупцијата, вели професор Слаѓана Тасева од невладината Транспаренси интернешнел - Македонија. Според Тасева постои проблем во контролата на финансирање на партиите, затоа што има дисперзиран систем на контрола, па затоа и контролата не е ефикасна.

Сите (не)надлежни

За контролирање на финансиите на партиите се задолжени неколку институции- Државната изборна комисја, Државната комисија за спречување на корупција, Државниот завод за ревизија, Управата за јавни приходи, Министерството за финансии. Советот за радиодифузија. Сите тие имаат одредени надлежности, но ниту една нема конкретна надлежност целосно да ја следи контролата на финасирањето што отвара можност никој да не е надлежен.

Начинот на финансирање на партиите треба да се реши пред да се оди на избори, предупредуваат експертите

„Партиите не сакаат да кажат колку пари трошат, а институциите не успееа да востановат ефикасен систем за таа контрола. Значи целата оваа ситуација е многу зачудувачка и истовремено и многу загрижувачка затоа што не може да се дојде до воспоставување на вистински систем на контрола затоа што ако и тие самите кои што се оштетени или загрозени со една ваква состојба, не реагираат.“
Партиите не сакаат да кажат колку пари трошат, а институциите не успееа да востановат ефикасен систем за таа контрола. Значи целата оваа ситуација е многу зачудувачка и истовремено и многу загрижувачка затоа што неможе да се дојде до воспоставување на вистински систем на контрола.

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Илми Селами вели дека партиите прават само формални извештаи, колку да се рече дека направиле:

„И кога ќе ги проверите тие извештаи ќе видите дека во нив како донатори стојат и лица кои што, јас го користам изразот „вода во очи немаат“, а не пак да донираат на политичка партија 5000 евра. Значи тоа само по себе говори дека кога се прават извештаите во политичките партии, се сфаќаат и прават само формално.“

Законот е недоречен или институциите не си ја вршат работата?

„Законите, инсититуциите во државата им овозможуваат на партиите ваков начин на работа, заради тоа што не е средено ниту со закон, ниту институциите да постапуваат во смисла да едно лице кое донирало на политичка партија три, четири, пет илјади евра, да се следат парите од каде му се и дали на државата и платил данок за таа донација, за да се затвори тој можен вентил.“

Може ли да се очекува партија која дошла на власт со помош на корупција, да се бори против корупција?

„Ако зборуваме за финансирањето на политичките партии го фаќаме контекстот на корупција во политиката. Замислете вие ако говорите за намалување на корупцијата во политиката која што понатаму е генератор на појавување на корупцијата во сите области апсолутно не може да се
Законите, инсититуциите во државата им овозможуваат на партиите ваков начин на работа, заради тоа што не е средено ниту со закон, ниту институциите да постапуваат во смисла да едно лице кое донирало на политичка партија три, четири, пет илјади евра, да се следат парите од каде му се и дали на државата и платил данок за таа донација.
разговара, во состојба кога имате политички партии кои доаѓаат на власт со непознати средства и ја спроведуваат понатаму власта со такви нелегални средства.“

Законот за финансирање на партиите само формалност

Со законот за финансирање, партиите се должни на својот веб сајт или во медиумите да го објавуваат името на донаторот и сумата која тој ја вложил во политичката партија. Во спротивно, следуваат санкции. Со ваквото решение, требаше да биде спречена нетранспарентноста во финансирањето на партиите. Но, гледано сега законот не ја исполни целта да има прецизна контрола на тоа колку се троши и од кого се парите, вели Жерновски кој е еден од предлагачите на законот.

Кампањата за последните претседателски избори во 2009 година

„Ние многу често со право слушаме критики од Брисел дека не е проблем во македонските закони, напротив тие се добри, проблем е што тие не се имплементираат така што да се имаше јасна волја да се стави ред во финансирањето на политичките партии тогаш тоа и ќе се почитуваше, меѓутоа не се почитува, а сепак финансирањето на партиите или зависноста на партиите од финансиерите секогаш започнува од изборната трка.“

И партиите и експертите велат дека се за промени на законот и надлежносте за контрола да ги има едно тело. Професор Тасева вели дека од ГРЕКО како тело на Советот на Европа има препорака да се формира едно тело кое ќе врши контрола.

„Ние оваа мерка којашто ја добивме од ГРЕКО или препорака треба да ја реализираме до септември оваа година, тоа сеуште е во фаза на разговор, не е дел од нацртот на изборниот законик, но се надевам дека еднаш тоа ќе мора да се реши.“

Проблемот со матното финансирање на партиите не е македонска
Ние многу често со право слушаме критики од Брисел дека не е проблем во македонските закони, напротив тие се добри, проблем е што тие не се имплементираат.
измислица, го има насекаде и во државите со развиени демократии.

Деновите во медиумите се актулни случувањата во Хрватска. Во истрагата против поранешниот премиер Иво Санадер, можена е пријава и за ХДЗ партијата на власт, чиј член е Санадер. Ако се докаже дека додека ХДЗ ја злоупотребила својата положба и од буџетот и од компаниите влечела пари за партиски цели, партијата може да заврши во стечај ако не може да ги врати парите кои ги побарува државата, или партијата може да добие забрана за работа.

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер беше уапсен во Австрија на крајот на минатата година

Во Србија, на пример, сите средства кои ги добиваат партиите надвор од буџетот, мора до денар да ги пријават на надлежните. А санкциите за непочитувачите на Законот вклучуваат дури и забрана на политичките партии.

Бугарија, пак, постапува по таканречениот европски модел за финансирање, кој вклучува мешовито финансирање – и од државата и од сопствени приходи. Освен на парите од буџетот партиите може да сметаат и сопстените приходи. Донацијата на едно физичко или правно лице не смее да го надмине износот од 15.000 евра. Партиите не смеат да добиваат пари нуту од претпријатија кои имаат повеќе од 50% државно или општинско учество, како и претпријатија или организации кои исполнуваат државната или општинската нарачка.

Во Гермнија, кој сака да биде член на некоја политичка партија, мора и да плаќа членарина. А партиите добиваат пари од буџетот на државата. Во Шведска нема Закон за финансирање на партиите, но кандидатите за пратеници кои нема да ги наведат донаторите се исклучуваат од политичката трка.

Во Македонија според Законот за финансирање на политички партии донесен во 2004-та како антикорупциска мерка за намалување на корупцијата поврзана со политиката - 0,06 проценти од народните пари од државниот буџет секоја година се доделуваат на партиите. За 2011 година тоа изнесува околу 1,35 милиони евра.