Пораките за загриженост за состојбите во земјава, кои вчера уште еднаш ги пренесе американскиот амбасадор Филип Рикер, според повеќето партиски реакции се добронамерни, но истовремено и предупредување дека работите мора да се менуваат.
Рикер вчера изјави дека Соединетите Држави остануваат загрижени за слободата на медиумите, независноста на судството и меѓуетничките тензии, но и за недостигот од конструктивен политички дијалог во земјава.
Кога ние како пријатели, како Меѓународна заедница ја изразуваме нашата загриженост, тоа на многу начини ја одразува загриженоста која ние ја слушаме од граѓаните. Овој „наши-ваши“ менталитет, кој ја дели вашата земја, секако дека не се одразува добро на вашиот идентитет или на концептот за напредок на земјата, рече Рикер.
Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека нивната партија прави се за да го одржи политичкиот дијалог во институциите, но дека опозицијата е таа која не сака дијалог во институциите.
„ВМРО-ДПМНЕ е партијата која што постојано повикува на дијалог, местото на сите политички дебати е во Собранието и СДСМ мора да се врати во Собранието за Република Македонија да продолжи нормално да функционира“, изјави Петар Поп-Арсов од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицискиот СДСМ се согласува со забелешките на американскиот амбасадор. Владо Бучковски од СДСМ вели дека по посетата на Груевски во Вашингтон, наместо да се смири политичката тензија таа кулминира.
„Кулминира и со серијата на несреќни изјави кои ги дава премиерот, кој наместо да пристапи кон реализација на барањата на СДСМ за организирање фер и демократски избори, само ја подгрева негативната атмосфера и остава впечаток дека нема никаков допир со реалноста во нашата држава.“
И Демократската унија за интеграции признава дека политичкото лидерство треба да се фокусира на решавање на актуелните проблеми во земјава, преку конструктивен политички дијалог.
„Медиумите, секако треба да се има во предвид и власта треба да покаже поголемо разбирање во оваа насока“, изјави Тахир Хани од ДУИ.
Експертите предупредуваат дека ваквите пораки од Соединетите Држави треба да ја загрижат власта и да ги вразумат политичките лидери.
„Мислам дека конечно граѓаните ќе се освестат и ќе им дадат лекција на структурите кои власта ги практикува за лични цели, а не за општествени интереси“, изјави професор Мерсел Биљали.

ВМРО-ДПМНЕ е партијата која што постојано повикува на дијалог, местото на сите политички дебати е во Собранието и СДСМ мора да се врати во Собранието за Република Македонија да продолжи нормално да функционира.
Кога ние како пријатели, како Меѓународна заедница ја изразуваме нашата загриженост, тоа на многу начини ја одразува загриженоста која ние ја слушаме од граѓаните. Овој „наши-ваши“ менталитет, кој ја дели вашата земја, секако дека не се одразува добро на вашиот идентитет или на концептот за напредок на земјата, рече Рикер.
Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека нивната партија прави се за да го одржи политичкиот дијалог во институциите, но дека опозицијата е таа која не сака дијалог во институциите.
„ВМРО-ДПМНЕ е партијата која што постојано повикува на дијалог, местото на сите политички дебати е во Собранието и СДСМ мора да се врати во Собранието за Република Македонија да продолжи нормално да функционира“, изјави Петар Поп-Арсов од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицискиот СДСМ се согласува со забелешките на американскиот амбасадор. Владо Бучковски од СДСМ вели дека по посетата на Груевски во Вашингтон, наместо да се смири политичката тензија таа кулминира.
Кулминира и со серијата на несреќни изјави кои ги дава премиерот, кој наместо да пристапи кон реализација на барањата на СДСМ за организирање фер и демократски избори, само ја подгрева негативната
атмосферa.