Достапни линкови

САД загрижени за Македонија


Американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер
Американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер

По средбите во Вашингтон нема промени, поради што САД се` уште позагрижени за состојбите во Македонија, порача американскиот амбасадор Филип Рикер.

Соединетите Држави остануваат загрижени за слободата на медиумите, независноста на судството и меѓуетничките односи во Македонија. Во неформална средба со новинарите, американскиот амбасадор во земјава, Филип Рикер рече дека загриженоста сега е поголема, бидејќи по посетата на македонскиот премер Никола Груевски во Вашингтон, ништо не се променило.
Не е до нас да кажуваме дали треба да има избори во земјава, тоа е внатрешно прашање на државата и за тоа треба да одлучат политичките лидери и народот. А, она што во последно време се повеќе го слушам се фрустрирачки изјави на македонските граѓани. Поделбата на „наши“ и „ваши“, меѓусебните препукувања не и помагаат на земјата да оди напред.

Рикер потврди дека на средбите на Груевски со амеиканскиот потпретседателот Џозеф Бајден и државната секретарка Хилари Клинтон било разговарано за актуелните проблеми во земјата, но и за прашањето за името и евроатланската иднина на Македонија.

Соединетите Држави сакаат да ја видат Македонија на маса со останатите членки на НАТО, рече Рикер. На средбите на кои присуствуваше и тој, не биле споменети предвремените избори.

Статус кво ситуацијата и по средбата во Вашингтон, уште повеќе ги загрижува САД

„Не е до нас да кажуваме дали треба да има избори во земјава, тоа е внатрешно прашање на државата и за тоа треба да одлучат политичките лидери и народот. А, она што во последно време се повеќе го слушам се фрустрирачки изјави на македонските граѓани. Поделбата на „наши“ и „ваши“, меѓусебните препукувања не и помагаат на земјата да оди напред. Не можам да прејудицирам какви избори ќе имате, но се надевам дека доколку се одржат ќе бидат фер и демократски и ќе бидат спроведени во согласност со законските процедури“, рече Рикер.
Се претвора во едно подлабоко прашање кое вклучува и идентитетски теми, а двете страни реагираат со поголеми емоции. Компромисот не значи дека се компромитира вашиот идентитет, тоа значи дека двете страни ги усогласиле своите ставови. Потребно е што побрзо да најдете заедничко прифатливо решение.


Тој изрази загриженост и за недостигот на политички дијалог во земјава.

„Луѓето се уморни од недостигот на конструктивен политички дијалог, како важен дел од секоја демократија. Неколку пати досега укжуваме на важноста на тој процес и потребата да се решат прашањата на зрел начин“, рече Рикер.

Едно од темите за кои било разговарано во Вашингтон бил и проблемот за името со Грција. Рикер ја потврди пораката од американската администрација дека тој проблем мора да го решиме сами и не треба да се очекува тоа да го направат Соединетите Држави.

„Имам чувство дека во последните три години ова прашање станува покомплицирано. Се претвора во едно подлабоко прашање кое вклучува и идентитетски теми, а двете страни реагираат со поголеми емоции. Компромисот не значи дека се компромитира вашиот идентитет, тоа значи дека двете страни ги усогласиле своите ставови. Потребно е што побрзо да најдете заедничко прифатливо решение, а ние сме тука за тоа да го поддржиме“, порача Рикер.

Тој рече дека во однос на прашањето за името не бил даден некаков краен рок за негово решение, но повтори дека што побрзо се дојде до компромис, толку подобро ќе биде за земјата.
На прашањето дали има впечаток дека советите од високите претставници на американската администрација, македонската делегација ги сфатила како закани и укор, Рикер одговори дека Соединетите Држави се пријатели на Македонија и оти нивните совети и забелешки се со цел да и помогнат на земјата.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG