Достапни линкови

Во заложништво на политичкиот инает


Кој ќе попушти?
Кој ќе попушти?

Македонија ја очекуваат тешки денови, доколку инаетот меѓу власта и опозицијата продолжи, велат експертите.

Македонија ја очекуваат тешки денови доколку и власта и опозицијата ги задржат своите тврди позиции околу предвремените избори. Одлучноста на Социјалдемократскиот сојуз да ги бојкотира изборите, според експертите е ризична. Тоа, велат дел од упатените, изборите ги прави нелегитимни, а последиците треба да ги сносат клучните актери на политичката сцена.
Ако евентуално навистина опозицијата мисли да ги бојкотира изборите, сметам дека таквите избори се нелегитимни. Евентуалното излегување на онаа демократија на улиците, со протести на изборите, е малку поризична, поради мултиетничноста на државата.


„Бојкотот е непозната категорија во земјите на ЕУ и во земјите со развиена демократија, значи тоа е непознат феномен. Еве да ја земеме за пример, лулката на парламентарната демократија, Британија. Во Британија, премиерот во секое време може да поднесе оставка на влада и да се распишат предвремени избори, а тоа секогаш е добредојдено за секоја опозиција“, вели универзитетската професорка Гордана Силјановска.

Според експертите, бојкотот е непознаница во развиените европски земји

Професор Алајдин Демири, пак, се надева дека опозицијата сепак ќе се предомисли и нема да ги бојкотира изборите.

„Ако евентуално навистина опозицијата мисли да ги бојкотира изборите, сметам дека таквите избори се нелегитимни. Евентуалното излегување на онаа демократија на улиците, со протести на изборите, е малку поризична, поради мултиетничноста на државата, тензиите, што секој може да ги искористи на своја сметка.“
Знаете ли дека кога надвор ја анализираат македонската демократија веќе пишуваат за парадокси од ваков тип. Граѓаните дале гласови, дале гласови за да седат во Парламентот и да ги решаваат нивните проблеми, неможе опозицијата да биде власт и власта да глуми опозицијa.


Спроведување на изборите без опозиција би значело повторување на сценариото од 1994 година, се присетува Силјановска. Тоа, вели таа, значи еднопартиско Собрание, во кое не можат да се усогласат различните интереси. Таа апелира до политичките лидери да се однесуваат државнички и сите проблеми да ги решаваат во надлежните институции.

„Секој ден слушаме од сите, да седнат лидерите и да се договорат. Мене тоа ме плаши да ви кажам, ме плаши конзулскиот модел на владеење во Македонија, вистинското место на лидерите е во Парламентот. Знаете ли дека кога надвор ја анализираат македонската демократија веќе пишуваат за парадокси од ваков тип?! Граѓаните дале гласови, дале гласови за да седат во Парламентот и да ги решаваат нивните проблеми, не може опозицијата да биде власт и власта да глуми опозиција.“

Македонија не смее да се споредува со земји во чие друштво не припаѓа. Честопати ги бираме најгрдите европски примери, и потребно е конечно да се стави крај на таквото однесување, советува стручната јавност.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG