Нема лекови?

Се повеќе пациенти се жалат дека лековите на рецепт ги има само во првите неколку денови од месецот. Во надлежните институции, пак, уверуваат дека снабденоста е добра.
Хронично болните велат дека лековите кои мораат да ги земаат без прекин, не можат да ги најдат веќе кон средината на месецот, оти квотите во аптеките биле исполнети.
Во тој случај, се жалат пациентите, принудени сме да ги плаќаме приватно.
Постојано ми велат, немаме на рецепт ако сакаш
приватно.

„Нема, едно три лекарства барам, ама нема.“

„Постојано ми велат, немаме на рецепт ако сакаш приватно.“

„Од саботата нема ниту еден лек.“

„Од саботата немаа ниту еден лек што ми требаше. Еден минус за сите аптеки. Бев во четири аптеки и секаде го добив истиот одговор, квотата заврши дојдете во вторник“, велат граѓаните.

Но, не се сите со вакви искуства. Сретнавме и пациенти кои велат дека
Од саботата нема ниту еден лек.
редовната терапија ја наоѓаат во секое време.

„Досега не сум имала проблем.“


„Редовно тие што ми требаат за притисок.“

„Редовно ги има тие што ми требаат за срце.“
Редовно ги има тие што ми требаат за срце.

Упатените во оваа област велат дека до недостиг на лекови на позитивната листа доаѓа најчесто во зимскиот период кога се зголемува побарувачката за антибиотска и антиревматска терапија. Доколку пациентите не ги најдат потребните лекови во една аптека, треба да побараат во некоја друга, таму каде што квотата не е исполнета, советува Нуцка Ристовска, претседател на Здружени Аптеки Македонија.
Од 150 компании колку што имаа регистирано лекови во државата, ние немаме најавено дефицитарност на било кој препарат. Мислам дека снабденоста со лекови во државата е на завидно ниво.

„Квотите што ги имаме се определени со можност пет месеци да пречекоруваме според потребите на пациентите. Пациентите со хронична терапија, во принцип, првите две недели скоро редовно се снабдуваат со месечна терапија. Единствено проблем настанува при крајот на месецот со побарувачката на акутната терапија, односно антибиотската терапија.“

Во Бирото за лекови тврдат дека во овој момент нема дефицитарни лекови во земјава. Регистрирани се 3300 лекови и сите нив ги има во доволни количини, вели првиот човек на Бирото за лекови, Илчо Захариев.

„Од 150 компании колку што имаа регистирано лекови во државата, ние немаме најавено дефицитарност на било кој препарат. Мислам дека снабденоста со лекови во државата е на завидно ниво.“

Дали во некои аптеки има дефицитарност на лекови од позитивната листа треба да утврдат контролите на Фондот за здравствено осигурување, институција која меѓу другото ги определува квотите за лековите од позитивната листа.