Достапни линкови

Болно здравство


Во низата проблеми со кои се соочува јавното здравство, последно, пациентите останаа без храна. Министерството за здравство повторно ја отфрла одговорноста.

На клиниките е обезбедена храна од друг извор, а најверојатно ќе се бара раскинување на договорот со досегашниот снабдувач, откако некои пациенти добија половичен доручек. Во министерството и денеска го повторија одговорот од вчера дека има и долгови кон концесионерот, но дека проблемот е во монополот во дистрибуцијата со храна и оти станало пракса да се работи
Од хирурзите имам позитивни искуства, значи тоа е што се однесува до лекарите и медицинските лица. Но, самата болница тоа е друга приказна, условите во здравството се никакви.
во последно време со уцени. Овој последен случај се надоврза со неколку други проблеми до кои дојде изминатиов период. Сликата во јавноста за здравствениот систем ја надоплнуваат и чести критики на осигурениците, но општиот впачаток е дека ова е системот каде најмногу се чувствуваат последиците од вкупните економски состојбви и дека веќе 20 години не се вложува доволно:

„Толку е, толку можат и тие да постигнат. Мислам дека секој поединечно би бил за тоа се што има во државата најмногу да се даде во здравството. На пример, се случувало инфузии да нема, обични работи како ракавици да немаат.“

Клинички центар

„Премногу реформи, мешаница се направи. Кај луѓето прво непознавање, не информирање.“

„Од хирурзите имам позитивни искуства, значи тоа е што се однесува до лекарите и медицинските лица. Но, самата болница тоа е друга приказна, условите во здравството се никакви, ниту за породување веќе не се оди таму.“

Во меѓувреме, министерството не прифати одговорност и за други пропусти
Премногу реформи, мешаница се направи. Кај луѓето прво непознавање, не информирање.
кои се случија во последно време како случајот со паднатиот кров во тетовската болница. Останаа отворени дилемите за квалитетот на градежните зафати во здравствените објекти. Сомнежи донесоа и најавите дека ќе има нов ценовник на здравствените услуги. Дел од здравствените работници предупредија дека пациентите ќе мора сами да плаќаат повеќе услуги. Но, и досега ценовникот кој опстојува подолг период фунцинира повеќе на хартија. Во пракса пациентите плаќаат многу повисоки цени. Најчесто болниците се правдаат дека имаат низок буџет и поради тоа пациентите се принудени да купуваат дури и банални работи, но да плаќаат и за услуги кои чинат скапо. Бранко Аџигогов од Фондот за здравство вели дека квалитетот на пружање на услуга во една болница на извесен начин зависи и од способноста на менаџирање:

„Ние исплаќаме буџетот, заедно со семејните средства тие си набавуваат и лекови и материјали и си распишуваат тендери. Тие се посебни јавни субјекти.“

Опозицијата постојано критикува дека во земјава повеќе не постои јавен здравствен систем, а министерството за здравство вели дека има пари повеќе од времето кога нивни влади менџиарале. Лошите состојби ги демантираат, а во некои случаи ги објснуваат како последица на тоа што со години не се вложувало во овој систем.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG