Барак Обама им порача на автократите дека со сила не може да владеат. Хилари Клинтон пак бара почитување на интернет слободите.
Американскиот претседател Барак Обама, како што јавија дописниците на РСЕ од Вашингтон, денеска изјави дека владите на Блискиот Исток треба да ја признаат желбата на нивните народи за промени и да им обезбедат мирен пат до подобрите можности. На лидерите кои се наоѓаат под силен притисок, Барак Обама им порача.
„Вие не можете да се одржувате на власт со принуда. На одредено ниво во сите општества мора да се постигне согласност, да се признае новата ера низ која луѓето комуницираат, не само низ државно контролираните телевизии. Сега постојат смартфони, твитер и на тој начин се мобилизираат илјадници луѓе.“
Обама изрази загриженост за стабилноста на регионот, поради ширењето на протестите во Иран, Бахреин и Јемен. Тој повика на ненасилен одговор на протестите. САД, според Обама, не можат да им диктираат на владите на суверени држави што да направат. Но, според него, јасно е дека младите генерации повикуваат на поголема слобода на Блискиот Исток.
„Јас мислам дека стабилноста во регионот ќе биде постигната ако младите луѓе и обичните луѓе почуствуваат дека има пат, има начин да ги прехранат своите семејства, дека имаат пристојна работа, образование и подобар живот. И колку што повеќе владите ќе преземаат во тој правец толку поголема ќе биде стабилноста на овие земји.“
Државната секретарка Хилари Клинтон, која по втор пат одржа говор за американската надворешна политика, ја нагласи улогата на социјалните интернет мрежи во организирањето на историските протести во Тунис и Египет. Се виде, рече Клинтон, дека цензурата не може да опстане долго.
Таа повика на почитување на интернет слободата во светот, но и ги посочи и ризиците и одговорноста.
„Ние гледаме дека отворениот интернет носи предизвици. Потребни се правила против злоупотребите. Интернет слободата од своја страна ги подигнува тензиите како и сите видови слободи. Ние веруваме дека користа е поголема од цената.“
„Вие не можете да се одржувате на власт со принуда. На одредено ниво во сите општества мора да се постигне согласност, да се признае новата ера низ која луѓето комуницираат, не само низ државно контролираните телевизии. Сега постојат смартфони, твитер и на тој начин се мобилизираат илјадници луѓе.“
Вие не можете да владеете со сила. Мора да се признае новата ера во која луѓето комуницираат, не само преку државно контролираните телевизии.
„Јас мислам дека стабилноста во регионот ќе биде постигната ако младите луѓе и обичните луѓе почуствуваат дека има пат, има начин да ги прехранат своите семејства, дека имаат пристојна работа, образование и подобар живот. И колку што повеќе владите ќе преземаат во тој правец толку поголема ќе биде стабилноста на овие земји.“
Државната секретарка Хилари Клинтон, која по втор пат одржа говор за американската надворешна политика, ја нагласи улогата на социјалните интернет мрежи во организирањето на историските протести во Тунис и Египет. Се виде, рече Клинтон, дека цензурата не може да опстане долго.
Таа повика на почитување на интернет слободата во светот, но и ги посочи и ризиците и одговорноста.
Отворениот интернет носи ризици. Но веруваме дека користа е поголема од цената.
„Ние гледаме дека отворениот интернет носи предизвици. Потребни се правила против злоупотребите. Интернет слободата од своја страна ги подигнува тензиите како и сите видови слободи. Ние веруваме дека користа е поголема од цената.“
Американската државна секретарка Хилари Клинтон инаку изјави дека деновиве Стејт департментот отворил налози на социјалната мрежа Твитер на арапски и на фарси јазик, за да може директно да комуницира со жителите на Блискиот Исток. Таа најави дека наскоро ќе бидат отворени налози и на кинески, руски и хинду јазик. Во говорот за слободата на интернетот на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“, Клинтон истакна дека САД се решени да продолжат да „муабетат“ со луѓето од целиот свет. Таа потсети дека во Кина, Куба, Иран, Мјанмар, Сирија и во Виетнам интернетот е забранет или пристапот до него е многу ограничен.