Високиот извршен комитет на владејачката Национална демократска партија во Египет денеска поднесе оставка, вклучувајќи го и Претседателот Хосни Мубарак од лидерската позиција и неговиот син Гамал Мубарак, објави националната телевизија од земјата. Според информациите за нов лидер на партијата е назначен Хосам Бадрави.
Египетскиот потпретседател Омар Сулеjман упати покани за состанок со проминентна група личности за да дискутира за начините за трансфер на власта од претседателот Хосни Мубарак до транзициони власти. Соочувајќи се со речиси двенеделни протести, претседателот Мубарак изјави дека му е доста од владеење, но дека стравува од хаос во земјата доколку веднаш поднесе оставка.
Во меѓувреме, американскиот претседател Барак Обама изјави дека се надева оти Мубарак ќе донесе одлука во вистински правец со цел Египет да излезе од кризата.
„Иднината на Египет ќе биде определена од неговиот народ. Јасно е дека има потреба од транзиција која треба да почне веднаш. Тоа мора да биде процес кој ќе ги почитува универзалните права на сите египќани и кој ќе води кон фер и демокрастки избори.“
Вчера во Каиро, Александрија и други градови во Египет опозицијата одржа митинзи наречени „Ден на заминување“.
Околу 300 илјади демонстранти се собраа на вчерашните протести во Египет, барајќи заминување од власт на претседателот Хосни Мубарак. Имаше извештаи за спорадични каменувања меѓу групите кои се против Мубарак и оние кои го поддржуваат.Тарек ел Шами е дописник на американски спонзорираната телевизија Ал Хура
„За среќа, напаѓачите од властите се повлекоа по широката осуда од меѓународната заедница и од опозицијата во Египет.“
Генералниот секретар на Арапската лига Амр Муса кој порано беше шеф на египетската дипломатија им се придружи на демонстрантите на централниот каирски плоштад Тахрир.