Судири во Каиро

На плоштадот Тахрир во Каиро се судрија анти-владините демонстранти и приврзаниците на претседателот Хосни Мубарак. Се јавува за стотици повредени.
Најмалку 500 луѓе се повредени при денешните судири на плоштадот Тахир во Каиро. Се судрија приврзаниците на египетскиот претседател Хосни Мубарак и демонстрантите кои бараат да се стави крај на тридеценискиот режим во земјата.
До судирите дошло кога приврзаниците на Мубарак пристигнале на плоштадот, каде илјадници демонстранти протестираат со денови. Двете спротиставени страни фрлале со камења едни кон други.
Чешкиот новинар Милан Сима е еден од сведоците на немирите на плоштадот.

„Видовме стотици повредени луѓе кои фрлаа со камења едни кон други и се тепаа со шипки. Војската се уште не застана во одбрана на никого. Но според вестите што ги добиваме, можно е да интрвенира за да се врати редот. Ситуацијата во Каиро станува се поопасна и потензична“, изјави новинарот Милан Сима за Радио Слободна Европа.

Според Сима и неколку новинари биле повредени за време на судирите.

„Еден мој колега видел тројца повредени новинари. Тие имале крв на главата. Ние усепавме да побегнеме. Одеднаш атмосферата се промени. Претходно луѓето беа среќни, бидејќи новинарите беа присутни на протестите. Но сега атмосферата е поинаква, бидејќи приврзаниците на Мубарак се против новинарите. Тие се обидуваат да ги сопрат новинарите да известуваат за тоа што се случува на улиците“, изјави Сима.

Мубарак вчера изјави дека ќе остане на својата функција до изборите во септември. Опозициското Муслиманско братство соопшти дека за нив нема друга алтернатива освен Мубарак веднаш да поднесе оставка од функцијата.

Опозицијата најави масовни протести и во петок.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Ерупција на судирите во Каиро