Поради непојавувањето на опозицијата, спикерот Вељаноски ја одложи на неодредено време седницата на која требаше да се дебатира за случајот А1 и „Перо Наков бб“.
Собранискиот спикер Трајко Вељаноски ја презакажа за подобри времиња итната седница за состојбите со медиумите и случајот Перо Наков и А1 телевизија. Седницата, свикана од страна на Вељаноски е одложена на неодредено време, и ќе продолжи тогаш кога ќе се врати опозицијата во Парламентот и ќе се создадат услови за дебата.
„Односно, се додека СДСМ и другите помали парламентарни партии не покажат интерес за расправа по оваа тема која цениме дека особено значајна за демократските процеси во Македонија. Одговорноста за оваа тема е заедничка“, вели претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
На седницата присуствуваат само пратениците од власта, а боите на опозицијата ги бранеше само ЛДП.
Пратеничката Силвана Бонева во име на владеачката ВМРО-ДПМНЕ ги повика пратениците од опозицијата да се вратат во Собранието и да дебатираат за сите сериозни теми и отворени прашања, меѓу нив и за состојбата на медиумите.
„Медиумите се многу значајни, нивната слобода е значајна за демократијата во Македонија, оттаму ние сме подготвени во секој момент да ја продолжиме дебатата меѓутоа не сами со себе, туку со колегите од опозицијата.“
Ермира Мехмети од ДУИ вели дека за состојбите во А1 се одговрни сите и битката за телевизијата не треба да биде само на опозицијата, туку и на власта и на новинарите од сите медиуми.
Во интерес на Македонија е да се прекинат и другите седници во Собранието, порача од собраниската говорница Андреј Жерновски од ЛДП. Жерновски се посомнева во искрената намера да се организира оваа седница посветена на А1.
„Причина за експресно закажување на оваа седница и уште побрзото одложување, односно прекинување би имало само една цел, а тоа е да продолжат континуираните притисоци на критички настроените медиуми, поединци и групи во Македонија.“
Во собраниската сала не се појавија пратениците на СДСМ, НСДП, Нова демократија, Либералната партија и Нова Алтернатива.
Повод за бојкотот на СДСМ беше токму А1, односно судската блокада на сметките на телевизија и на дневните весници кои излегуваат на истата адреса. Секретарот на партијата Андреј Петров претходно изјави дека свикувањето на денешната седница е само лициемерие и несвесноста на власта за ситуацијата во земјата.
Од Амбасадата на САД во Македонија соопштуваат дека се загрижени поради актуелните кризи во Македонија: закани по независни медиуми, по независно судство и по процесот на евро-атлантските аспирации на земјата. Исто така, загрижени сме за состојбата со политичкиот дијалог во Македонија и повикуваме на отворена дебата.

Медиумите се многу значајни, нивната слобода е значајна за демократијата во Македонија, оттаму ние сме подготвени во секој момент да ја продолжиме дебатата меѓутоа не сами со себе, туку со колегите од опозицијата.
„Медиумите се многу значајни, нивната слобода е значајна за демократијата во Македонија, оттаму ние сме подготвени во секој момент да ја продолжиме дебатата меѓутоа не сами со себе, туку со колегите од опозицијата.“
Ермира Мехмети од ДУИ вели дека за состојбите во А1 се одговрни сите и битката за телевизијата не треба да биде само на опозицијата, туку и на власта и на новинарите од сите медиуми.
Во интерес на Македонија е да се прекинат и другите седници во Собранието, порача од собраниската говорница Андреј Жерновски од ЛДП. Жерновски се посомнева во искрената намера да се организира оваа седница посветена на А1.
Причина за експресно закажување на оваа седница и уште побрзото одложување, односно прекинување би имало само една цел, а тоа е да продолжат континуираните притисоци на критички настроените
медиуми.