За антирежимските демонстрации низ арапскиот свет најмногу покажува фактот против што или против кого тие не се насочени, наведува американскиот магазин Форин полиси прецизирајќи: протестите не се за маките на Палестинците под израелска окупација, не се против Западот или против Американците.
Демонстрантите во арапскиот свет го насочија својот гнев против невработеноста, тиранијата и немањето правдина во нивните општества, се наведува во анализата објавена во американскиот магазин Форин полиси во која се оценува дека тоа претставува голема промена во модерната историја на Блискиот Исток.
Секако, ист беше и курсот на демонстрациите против Шахот во Иран во 1979 година, пред револуцијата да биде киднапирана од исламистите. Но, во ниту една од овие арапски држави не постои харизматичен исламски радикал кој ќе претставува опозициски центар, како што тоа беше ајатолахотХомеини.
Муслиманското братство во Египет функционира како општествена организација и можеби нема да се обиде да го грабне востанието како што тоа се случи во Иран.
Дури и претседателот Хосни Мубарак не се идентификува толку со американските интереси како што тоа го правеше иранскиот шах. Има повеќе разлики отколку сличности меѓу Египет во 2011 и Иран во 1978.
Згора на тоа, каков и да биде исходот од востанијата, изгледа е јасно дека Арапите и нивните нови лидери во наредните години ќе бидат фокусирани врз несовршеностите во нивните општества, отколку врз неправедностите кои доаѓаат од Израел или од Западот.
Впрочем една од целите на Ал Каеда е соборување на режимите, како оној на Мубарак, за кои се смета дека се алатки на американските и на израелските цели. Со паѓањето на Мубарак, Ал Каеда го губи аргументот за регрутирање нови терористи.
Но, не треба да се исклучат опасностите по американските интереси од она што ќе следува во арапскит свет. Доколку демонстрациите се прошират во Јордан или во Саудиска Арабија, тоа може да биде катастрофа.
Навистина е многу тешко да се посочи попроамерикански режим од оној што сега постои во Јордан. За саудиското кралско семејство и да не се зборува. Замислите сето она оружје што Американците им го продадоа на Саудијците да падне во рацете на вахабистичките радикали, прашува Форин полиси.
Засега сите востанија некако се слични, како што тоа беше и во Европа 1989 година. Но, како и тогаш, и сега секоја земја ќе ги заврши различно.
Полска и Унгарија имаа релативно мирен пат до капитализмот и демократијата, Романија и Бугарија со години беа потопени во нивната сиромаштија, Албанија се соочи со анархија, а Југославија влезе во граѓанска војна во која загинаа стотици илјади луѓе.
Арапскиот свет во многу нешта е поразличен од Источна Европа и затоа внимателно треба да се следат посебностите на секоја политичка и историска ситуација. Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама треба да застане на страната на првите принципи на граѓанското општество: ненасилството и човековите права.
Соединетите Држави би можеле да одиграт конструктивна улога во отстранувањето на неправедните режими. Затоа американската дипломатија во арапскиот свет ќе станува се посложена. Во тие земји веќе ќе нема еден телефонски број на кој Вашингтон ќе може да врти.
Отсега натаму ќе треба да се договора со дузина политички личности за да ги постигне истите работи што ги постигнуваше само со еден лидер. Демократијата е сложена работа, заклучува магазинот Форин полиси.
Секако, ист беше и курсот на демонстрациите против Шахот во Иран во 1979 година, пред револуцијата да биде киднапирана од исламистите. Но, во ниту една од овие арапски држави не постои харизматичен исламски радикал кој ќе претставува опозициски центар, како што тоа беше ајатолахот
Каков и да биде исходот од востанијата, изгледа е јасно дека арапите и нивните нови лидери во наредните години ќе бидат фокусирани врз несовршеностите во нивните општества, отколку врз неправедностите кои доаѓаат од Израел или од Западот.
Муслиманското братство во Египет функционира како општествена организација и можеби нема да се обиде да го грабне востанието како што тоа се случи во Иран.
Дури и претседателот Хосни Мубарак не се идентификува толку со американските интереси како што тоа го правеше иранскиот шах. Има повеќе разлики отколку сличности меѓу Египет во 2011 и Иран во 1978.
Згора на тоа, каков и да биде исходот од востанијата, изгледа е јасно дека Арапите и нивните нови лидери во наредните години ќе бидат фокусирани врз несовршеностите во нивните општества, отколку врз неправедностите кои доаѓаат од Израел или од Западот.
Впрочем една од целите на Ал Каеда е соборување на режимите, како оној на Мубарак, за кои се смета дека се алатки на американските и на израелските цели. Со паѓањето на Мубарак, Ал Каеда го губи аргументот за регрутирање нови терористи.
Но, не треба да се исклучат опасностите по американските интереси од она што ќе следува во арапскит свет. Доколку демонстрациите се прошират во Јордан или во Саудиска Арабија, тоа може да биде катастрофа.
Навистина е многу тешко да се посочи попроамерикански режим од оној што сега постои во Јордан. За саудиското кралско семејство и да не се зборува. Замислите сето она оружје што Американците им го продадоа на Саудијците да падне во рацете на вахабистичките радикали, прашува Форин полиси.
Американската дипломатија во Арапскиот свет ќе станува се посложена. Во тие земји веќе ќе нема еден телефонски број на кој Вашингтон ќе може да врти. Отсега натаму ќе треба да се договора со дузина политички личности за да ги постигне истите работи што ги постигнуваше само со еден лидер.