Јавноста има право да ја знае и следи работата на судовите што е и предуслов за стекнување поголема доверба во судскиот систем, сметаат надлежните.
Судиите Антоанета Димовска од Основниот суд Скопје 2, Владимир Туфекџиќ од Скопје 1 и претседателот на Врховниот суд Јово Ванѓеловски ја добија наградата за најдобро лице задолжено за односи со јавност во судовите во 2010 година. За Мајкл Фриц, директорот на мисијата на УСАИД, што ја доделува оваа награда, транспарентноста и отвореноста на судовите се клучни за градење на поголема доверба на граѓаните во судството.
„Едно демократско општество, какво што сака да постане Македонија, не може да ги остави своите граѓани да незнаат и да бидат отуѓени од активностите на судската гранка. Судството има обврска да обезбеди дека граѓаните знаат што да очекуваат кога ќе дојдат пред судот и работењето на судот да биде што е можно потранспарентно.“
Граѓаните плаќаат даноци со кои се одржува судскиот систем, и тие имаат право да ја знаат и да ја следат работата на судовите и нивниот учинок, рече Фриц.
Судиите кои ги добија наградите беа задоволни од она што го научиле преку обуките. Тие ветија натамошна соработка со новинарите во рамките на професионалното работење.
„Судовите во Македонија судат врз основа на законите на државата, азаконите предвидуваат судовите да ги носат пресудите во името на граѓаните. Имајќи го тоа во предвид граѓаните на Македонија имаат право да знаат како и зошто одлучуваат судовите“, изјави Ванѓеловски.
„Голема благодарност до моите колеги судии кои ме хранат со информации, ако тие не ми ги даваат информациите јас не можам да ги пласирам во јавноста“, изјави Димовска.
„Мораме да ги задоволиме новинарите кои професионално се занимаваат со правосудството и да дадеме пред се квалитетни и вистини информации, но се во согласност и во рамките на законот што во таа смисла и денеска не ограничува“, изјави Туфекџиќ.
Впечатокот во јавноста дека првиот човек на Врховниот суд не е доволно достапен за јавноста и оти неговото присуство е неприметливо, Ванѓеловски го оправда со фактот дека новинарите повеќе ги интересираат конкретни случаи, а не глобалните појави во судството за кои може да зборува:
„Тоа е верувам и разбирливо, затоа што претпоставувам дека претставува и некаков интерес на вашата публика.“
Проектот на УСАИД за имплементација на судски реформи има за цел да му помогне на судството да се развие во посилна, поефикасна и независна гранка на власта. Истиот работи во насока на подобрување на функционирањето на судови.
Едно демократско општество какво што сака да постане Македонија не може да ги остави своите граѓани да незнаат и да бидат отуѓени од активностите на судската
гранка.
„Едно демократско општество, какво што сака да постане Македонија, не може да ги остави своите граѓани да незнаат и да бидат отуѓени од активностите на судската гранка. Судството има обврска да обезбеди дека граѓаните знаат што да очекуваат кога ќе дојдат пред судот и работењето на судот да биде што е можно потранспарентно.“
Граѓаните плаќаат даноци со кои се одржува судскиот систем, и тие имаат право да ја знаат и да ја следат работата на судовите и нивниот учинок, рече Фриц.
Судиите кои ги добија наградите беа задоволни од она што го научиле преку обуките. Тие ветија натамошна соработка со новинарите во рамките на професионалното работење.
„Судовите во Македонија судат врз основа на законите на државата, а
Судовите во Македонија судат врз основа на законите на државата, а законите предвидуваат судовите да ги носат пресудите во името на граѓаните. Имајќи го тоа во предвид граѓаните на Македонија имаат право да знаат како и зошто одлучуваат
судовите.