Измените во законот за високо образование што ги предлага владата се мешање во внатрешната организација на Универзитетите, реагираат професорите.
Директен упад врз автономијата на универзитетите, обид за мешање во внатрешната организација на најстариот државен универзитет, но и обид за дискредитација на досегашната работа на професорите. Вака на реформите за високо образование, гледаат професоритете. Тие сакаат јавна расправа, директни средби со министерот за образование, да се остави време за дискусија за сите спорни точки.
Професор Билјана Ванковска од универзитетот Св. Кирил и Методиј вели дека пишувањето колумни по весници и појавувањето на телевизија не се начини да се разговара за тема кој е многу важна.
„Властите ретко кога покажуваат слух за она што им го кажува општеството. Очекувам дека ова можеби ќе си помине глатко и во Владата и во Парламентот. Ние секако не можеме да одиме надвор во нашата работа од она што е законски пропис, меѓутоа веќе има навестувања дека самите предлози содржат сериозни правни фалинки и дека можеме да се обратиме пред Уставниот суд.“
И професорите од приватните факултети велат дека, со предложените измени, универзитетите се ставаат во подредена позиција и им се врши упад во автономијата. Професор Нано Ружин од приватниот универзитет ФОН вели дека професорите и универзитетскиот кадар се чуствуваат немоќни да се спротистават на власта.
„Нема големи, ефикасни механизми да се влијае врз извршната власт во смисла на подобрување на овој предлог, односно на негово отфрлање.“
Тој има неколку забелешки на законот:
„Се наметнува еден закон кој е несоодветен, фрустрирачки, понижувачки за професорите, се третираат професорите како однапред криви за некои пропусти кои државата ги влече од минатото, се форсираат решенија кои се или несоодветни или непрофесионални или неприфатливи.“
Законот за високо образование денеска ќе се најде пред Влада. Досега, Министерто за образование не ги ислуша забелешките на професорите, не присуствуваше ниту на седницата на Меѓуректорската управа. Министерот Никола Тородов во неколку наврати изјави дека не остапува од реформите:
„Немам магично стапче. Меѓутоа и јас и државата и ситемот и професорите во крајна линија имаат потреба да се направи диференцијација на квалитетните од помалку квалитетните кадри“, вели министерот Никола Тодоров.
Ние секако не можеме да одиме надвор во нашата работа од она што е законски пропис, меѓутоа веќе има навестувања дека самите предлози содржат сериозни правни фалинки и дека можеме да се обратиме пред Уставниот суд.
Професор Билјана Ванковска од универзитетот Св. Кирил и Методиј вели дека пишувањето колумни по весници и појавувањето на телевизија не се начини да се разговара за тема кој е многу важна.
„Властите ретко кога покажуваат слух за она што им го кажува општеството. Очекувам дека ова можеби ќе си помине глатко и во Владата и во Парламентот. Ние секако не можеме да одиме надвор во нашата работа од она што е законски пропис, меѓутоа веќе има навестувања дека самите предлози содржат сериозни правни фалинки и дека можеме да се обратиме пред Уставниот суд.“
И професорите од приватните факултети велат дека, со предложените измени, универзитетите се ставаат во подредена позиција и им се врши упад во автономијата. Професор Нано Ружин од приватниот универзитет ФОН вели дека професорите и универзитетскиот кадар се чуствуваат немоќни да се спротистават на власта.
„Нема големи, ефикасни механизми да се влијае врз извршната власт во смисла на подобрување на овој предлог, односно на негово отфрлање.“
Тој има неколку забелешки на законот:
Се наметнува еден закон кој е несоодветен, фрустрирачки, понижувачки за професорите, се третираат професорите како однапред криви за некои пропусти кои државата ги влече од минатото, се форсираат решенија кои се или несоодветни или непрофесионални или неприфатливи.