Достапни линкови

Универзитетска соработка само на хартија


Студенти
Студенти

Иако претставува драгоцено искуство, македонските студенти немаат голема можност за студентска размена со колеги од странство. Договорите за соработка со европските универзитети, само на хартија.

Иако на универзитетите на големо се зборува за мобилноста на студентите и професорскиот кадар, таа се уште не е на задоволително ниво како во земјите од Европската унија. Засега размената во најголем процент е сведена меѓу факултетите во државата, додека процентот на професори и студенти кои заминуваат во странство не така голем. Експертите велат дека досега се потпишани едно чудо договори за соработка, од кои поголемиот дел
Наша цел е секогаш што повеќе студенти да вклучиме и од Балканските земји преку разни програми, можат кај нас да ја направат практичната работа. Добро е студентите да се измешаат.
остануваат само на хартија.
Низаметин Шенќулд, декан на универзитетот во Текирдат, Турција вели:

„Наша цел е секогаш што повеќе студенти да вклучиме и од Балканските земји преку разни програми, можат кај нас да ја направат практичната работа. Добро е студентите да се измешаат. Студентите од Македонија да доаѓаат во Турција. Таа измешаност да биде поголема во културна смисла. Со глобализацијата сите стануваме премали.“

Ректорот на битолскиот универзитет Златко Жоглев објаснува дека во државата размена има во професорските редови, а меѓу студентите поретко.

„Странците ни велеа, да ние ќе соработуваме, но дали вие имате мобилност во вашата држава? Ние кревавме раменици што беше навистина многу непријатно. Сега можам да кажам дека имаме мобилност во рамки на јавните универзитети во државата. Со сите универзитети во Македонија имаме
Со сите универзитети во Македонија имаме размена на професори, со студентите за жал, немаме некоја поголема размена бидејќи самото тоа е поврзано и со сместување и со финансии.
размена на професори, со студентите за жал, немаме некоја поголема размена бидејќи самото тоа е поврзано и со сместување и со финансии.“

За да се зголеми мобилноста со странски универзитети неопходно е да се надмине јазичната бариера. Засега само една третина од професорите на битолскиот универизтет солидно го владеат англискиот јазик за да можат да предаваат во странство.

,,Преку 30 отсто од професорите се декларирале дека веднаш можат да стартуваат да предаваат. Но, бројката е преку 50 проценти зашто одреден број од професорите го знаат јазикот, но немаат искуство, имаат трема, се плашат и ќе им треба условно кажано дообука“, додава ректорот Жоглев.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG