Достапни линкови

Нема наука без истражување


Студенти
Студенти

Научно истражувачката работа недоволно застапена на Факултетите во земјата, велат универзитетските професори.

Научно истражувачката работа не е доволно застапена во високо образованиот процес во државата и се уште во тој поглед назадуваме во споредба со евроспките држави, вели Јована Тутевска, проректор за наука на Битолскиот универзитет.
Научно истражувачката работа во високо образованиот процес на едукација не сме задоволни во моментот кое е нејзиното место и колку е застапена


,,Научно истражувачката работа во високо образованиот процес на едукација не сме задоволни во моментот кое е нејзиното место и колку е застапена. Во рамките на универзитетот „Св. Климент Охридски„ во Битола и се разбира на другите универзитети се прават големи напори да се воведе таму каде ја нема и да се подигне на повисок степен таму каде што ја има. Таа е застапена, но не доволно. Најчесто се состои во тоа што на оние факултети кои предвидуваат изработка на дипломска работа како завршен испит во студиумот се става акцент да како дел од таа завршна работа има истражување."

Професорката Тутевска објаснува дека моменталната состојба е последица на финансиите кои се издвојуваат за развој на науката во државата кои се далеку од европскиот просeк.

,,Секогаш треба да се има во предвид дека истражувањето е поврзано со финансиски средства, па колку средства се издвојуваат за наука толкав степен на развиток на науката имаме. Ако се споредиме со европските земји ние сме навистина уште далеку од тој европски
Секогаш треба да се има во предвид дека истражувањето е поврзано со финансиски средства, па колку средства се издвојуваат за наука толкав степен на развиток на науката имаме
стандард за тоа колку е потребно средства годишно на ниво на држава да се издвојуваат за развој на науката."

додава Тутевска.
И во вакви услови Битолскиот универзитет се обидува да ги вклучи студентите во истражувачки прокети, но се уште примерите се поединечни.

,,Минатата година наш студент присуствуваше на три месечно истражување на Институтот по информатика на Техничкиот универизитет во Минхен. Ние се трудиме студентите да ги вклучиме во истражувањата и можеме да се пофалиме дека нашиот универзитет досега ако не масовно, но постојат случаи секоја година во кои одреден број на студенти се вклучени во итаржувачки прокети."

посочува професорот Божин Доневски од Техничкиот факултет во Битола.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG