Достапни линкови

Студентската пракса тешко се спроведува


Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје
Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје

Практичната настава за студентите што е задолжителна, тешко се спроведува. Фирмите не се заинтересирани за практиканти.

Практичната настава за студентите од прва година е добра работа, но малку тешка за спроведување, се согласуваат вклучените во овој проект. Од оваа учебна година, покрај учење на теоријата, студентите задолжително треба да поминат 30 дена во текот на годината во некоја компанија, или институција. Студентската пракса не е новина за повеќето факултети. Досега студентите одеа на пракса во
Бидејќи сега е задолжително треба да се најдат соодветни места за сите студенти, по еден месец годишно. Дали македонското стопанство ќе најде простор да прими толкав
број.
завршните години. Новина е тоа што сега таа е задолжителна за студентите од прва година, за да може да преминат во наредната година. Праксата трае 30 дена и потоа се оценува. Деканите се сомневаат дека фирмите се спремни да прифатат студенти од прва година, а како проблем го наведуваат и тоа како ќе се распределат сите студенти. Само годинава во прва година се запишаа околу 22 илјади студенти:

„Бидејќи сега е задолжително треба да се најдат соодветни места за сите студенти, по еден месец годишно. Дали македонското стопанство ќе најде простор да прими толкав број?“, прашува деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии Миле Станковски.

Сопственикот на студентскиот сервис „Коузон“ Зоран Кочовски вели дека досега фирмите речиси и да не покажуваат интерес да примаат студенти на пракса.

Студентски протести пред Универзитетот во Скопје на 20 мај 2010

„Ние се обидовме да пласираме повеќе од 500-тини студенти од Универзитетот низ неколку средини во Источна Македонија. Од контактирани 140 фирми, најдовме одзив само кај 10. Тоа беше поразителен факт за нас.“
Од контактирани 140 фирми, најдовме одзив само кај 10. Тоа беше поразителен факт за нас.


Од Стопанските комори на Македонија велат дека проектот може да биде успешен, но потребна е и подршка за компаниите кои ќе ги примаат студентите и практикантите, бидејќи и фирмите со тоа ќе имаат обврска да бидат постојано со студентите и да им го престават процесот на работа. Министерот за образование Никола Тодоров објаснува дека студентската пракса е во заемна корист и затоа компаниите треба да вложуваат во развој на човечки ресурси:

„Значи компаниите во цел свет се ’тепаат‘ уште од факултет да ги земат студентите, за да може да направат уште тука селекција.“

Начинот како ќе се реалииза студентската пракса треба да го договорат самите факултети, компаниите и институциите. Од договорот зависи дали студентите ќе добиваат одреден надомест за посетувањето на праксата која треба да трае 8 часа дневно.

Приватен или државен универзитет?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:32 0:00
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG