Полу празни ходници, по некој збунет студент кој лута низ студентските лавиринти, неколку испотени родители кои ги чекаат своите деца, матуранти дојдени со пријатели да поднесат документи. Вака изгледаше првиот ден од уписниот рок на дел од државните факултети. Бруцошите денеска конкурираа на петте државни универзитети. Има место за 27 илјади студенти од кои 16 илјади ке имаат право да студираат во државна квота која чини околку 200 евра. Во „приватната“ која со кофинансирање ќе ги чини 400 евра, ќе можат да се запишат 7300 студенти. Сите се надеваат дека студиите ќе ги поминат со помалку пари. Дел од новите студенти сметаат дека е подобро да се студира на државен факултет.
,,Мислам дека на државните е подобро затоа што имаат подобар кадар за разлика од приватните.“
,,Затоа што се позахтевни државните универзитети и повеќе учат луѓето, овие што се на приватните си плаќаат и полесно поминуваат, а сега има и афери околу приватните универзитети дека лесно се добива диплома.“
Други, пак, сметат дека полесно ќе се вработат доколку ги завршат своите студии на некој од приватните факултети.
,,Дека имаш услови понатаму за работа.“
,,Условите, држење на часови, училниците итн, сите тие услови се подобри отколку на државните.“
Родителите се најзагрижени за парите и квалитетот на образованието што ќе го стекнат нивните деца па велат дека повеќе им веруваат на државните факултети.
,,Ние како родители мислиме дека државните факултети се подобри. За приватен каде ќе најдеме пари, земјоделци сме, со тутун се занимаваме, од каде би нашле пари за приватен. За приватен факултет најмалку 1000 евра е, а за државен 200 евра.“
,,На приватните можеби има со знање деца, а мислам дека повеќе се ценат државните универзитети.“
Во последниве неколку години , студентите се повеќе се интересираат за општествените науки, па се помалку се запишуваат на техничките насоки.
Кандидатите кои конкурираат на универзитетите можат да освојат најмногу 100 поени од кои 60 се од општиот успех по сите предмети и 40 поени носи успехот од државната матура.
Вториот уписен рок во државните факултети е на 2 и 3 септември. На дел од приватните универзитети уписите завршуваат на крајот на месецов.
Еве што мислат граѓаните за тоа каде е подобро студирањето - на државен или на приватен факултет?
Мислам дека на државните е подобро затоа што имаат подобар кадар за разлика од приватните
,,Мислам дека на државните е подобро затоа што имаат подобар кадар за разлика од приватните.“
,,Затоа што се позахтевни државните универзитети и повеќе учат луѓето, овие што се на приватните си плаќаат и полесно поминуваат, а сега има и афери околу приватните универзитети дека лесно се добива диплома.“
Други, пак, сметат дека полесно ќе се вработат доколку ги завршат своите студии на некој од приватните факултети.
Затоа што се позахтевни државните универзитети и повеќе учат луѓето, овие што се на приватните си плаќаат и полесно поминуваат, а сега има и афери околу приватните универзитети дека лесно се добива диплома