Писателите на научна фантастика оправдано можат да бидат извинети кога се жалат дека нивните најхрабри идеи во 2010 година им биле украдени и тоа од вистинските научници.
Земете ја работата на истражувачите во Институтот на Џи Креиг Вентер, водечки биолог во областа на распоредување на човечкиот геном. Во мај, Вентер соопшти дека таму била креирана првата синтетичка клетка, целосно контролирана од човечки вметнати генетички инструкции.
„Ова е за прв пат самообновувачки видови што постојат на Планетата да имаат родител компјутер. Тоа се први видови кои имаат сопствена мрежа со вештачки генетички код.“
Станува збор за вештачки креирани особини на бактерија кои претходно беа снимени на компјутер а потоа пренесени во ДНА деловите на една клетка.
научници од четири американски универзитети креирале миркоскопски робот во вид на пајак кои само во еден ден можат да се справат со клетки на ракот или да исчистат некоја артерија.
Оваа технологија беше поздравена како вистински пробив во контроверзната област на синтетичката биологија. Неколку компании веќе ги почнаа истражувањата преку вакви организми да се произведе гориво или вакцини.
Претходно британскиот журнал „Нејчр“ информира дека научници од четири американски универзитети креирале миркоскопски робот во вид на пајак кои само во еден ден можат да се справат со клетки на ракот или да исчистат некоја артерија.
Направен од протеинско тело со компоненти од ДНА како нозе и со големина од четири милијардитиот дел од метарот, тој може да се движи во клетките користејќи хемиски сигнали. Претходните верзии можеа да се движат многу ограничено, но новиот е скоро незапирлив.
И доколку манипулирањето со ДНА и молекуларните роботи ви изгледаат интересно, какво ли беше изненадувањето на научниците кога во текот на 2010 година беа откриени молекули со кодирани особини!?
Во декември билозите на НАСА го презентираа истражувањето дека во едно езеро во Калифорнија биле откриени бактерии кои во генетскиот код користат токсичен арсен, нешто што досега не можеше ни да се претпостави.
„Ова потенцијално е огромо откритие, бидејќи има само шест елементи кои се фундаментални за изградба на некоја животна форма. Во нив не спаѓа арсенот. Ова е големо не затоа што станува збор за некоја бактерија која може да се храни и да живее со арсен, туку затоа што со тоа се поместуваат границите за откривање нови форми на живот. Тоа е научна фантастика“, оценува Сара Сигер од Институтот за технологија во Масачусетс, додавајќи дека тоа ќе придонесе за подобро разбирање на тајните и на Универзумот.
Тоа всушност е и целта на Големиот кршач на атоми кој е закопан длабоко под земјата на границата меѓу Франција
Ова е големо не затоа што станува збор за некоја бактерија која може да се храни и да живее со арсен, туку затоа што со тоа се поместуваат границите за откривање нови форми на живот. Тоа е научна фантастика.
Научниците вклучени во проектот велат дека откритијата во физиката ќе доаѓаат многу побрзо од она што се предвидуваше. Во 2010 година тие за прв пат успеаа да фатат атоми на антиматерија, мистериозен контрадел на материјата. Иако станува збор за две десетини од секундата, овој успех може да доведе до решавање на главната енигма за создавањето на Универзумот.
Научниците предвидуваат дека во текот на 2011 би можело да се открие и постоење на нови димензии. Надвор од лабораторите, потрошувачите не мораа долго да чекаат да ја видат новата трета димензија, наречена Три Де на телевизиските екрани. Британскиот телевизиски канал Скај во октомври лансираше канал на кој целосно емитува Три Де филмови.
Во меѓувреме, електонските гиганти како Тошиба и Панасоник ги продлжуваат истражувањата и, според некои, наскоро ќе има нови достигнувања во оваа сфера:
„Тоа се уште е незрела категорија и во моментов малку прескапа, но мислам дека во наредниве 3 до 5 години оваа технологија ќе донесе уште многу интересни новини, па ќе видиме како на нив ќе реагираат потрошувачите“, смета експертот Брајан Чен.
Потрошувачите, пак, добро реагираа на новите продукти во компјутерската техника. На пример на таканаречените таблет компјутери со команди на допир на прстите. Чен забележува дека таблетот на Ејпл познат под името ајпед постави нови стандарди, но и нов рекорд:
„Тие продадоа 4 милиони ајпеди во првиот квартал од годината, што е навистина голем успех. Колку за споредба, Ејпл за истиот тој период продаде милион ајфони. Ајпедот е најбрзо прифатен продукт во историјата.“
Годината на големите научни достигнувања не мина и без оние во медицината, на пример во третманот на СИДА-та. Сепак, во оваа сфера, топ приказна беше аспиранот. Имено, таблетката против главоболка може да го намали ризикот од разни видови канцер.
Според резултатите на едно британско истражување, секојдневното земање мали дози аспирин може значително да ја намали стапката на смртност од рак. Ова можеби не го редефинира живото каков што го знаеме, како на пример бактеријата која сака арсен, но изгледа може да го продолжи нашиот живот. А тоа нели е најголемото достигнување.