Достапни линкови

Универзумот и дигиталната демократија


Швајцарија 23 Ноември - Рестарт на Големиот Хадрон Колидер
Швајцарија 23 Ноември - Рестарт на Големиот Хадрон Колидер
Тајната на Вселената на дофат?

Големиот Хадрон Колидер, или како и да се вика тоа чудо под француско - швајцарската граница, влезе во акција. Научниците пак се нурнаа длабоко во она што се нарекува тајна на вселената. Звучи како научна фикција, но навистина во цевките под земја по низа технички проблеми се испратија протони да патуваат со рекордна енергија од 1,2 милијарди волти. Со оваа клучна фаза, велат, била поставена патеката за откритито на мистериозните делови на атомите и можеби на клучот на вселената.

„ЛХЦ – Големиот Хадрон Колидер, јас мислам дека ќе не донесе многу блиску до разбирањето на раниот Универзум и како тој се развил. Речиси 95 насто не го познаваме и не го разбираме таканаречениот темен универзум. Јас се надевам дека Колидерот ке фрли светлина на темниот Универзум“.

вели Ролф Хеуер – генерален директор на Европската Организација на Нуклеарни Истражувања, која раководи со проектот. И додека под земја се „шетаат“ протоните, многу работа имаше и на земјата. Твитер микро блог сајт стана глобален феномен со 60 милиони корисници.

Дигитална демократија

Тој игра голема политичка улога, која им дозволува на луѓето да ги следат плановите на пријателите дури и организирање вечери а на разните движења им овозможи да ги закажуваат и организираат протестите што имаше големо влијание во 2009 година. На пример, за организација на пост изборните демонстрации во Молдавија во Април, потоа за јунските протести во Иран беше користен Твитерот.
Иран - Интернет весник

„Твитерот постои три години а конечно експлодира во 2009. Ние таму гледаме граѓанско новинарство на многу високо ниво. Политичките импликации се секако најинтересни, бидејки таму ги има гласовите на луѓето кои се нај потиснати. Тоа е идеја за дигитална демократија во која сите имаат пристап на интернет и на Твитер и се во можност да делат информации и да се противат да бидат потиснати“.

Смета Брајан Чен од технолошкиот сајт виред.ком. Во 2009 милиони твитер пораки беа испратени преку таканаречените смарт телефони преку оние направи кои ги нарекуваме телефони а денес се многу повеке од тоа. Со низата апликации кои постојано се измислуваат и усовршуваат, телефоните се денес компјутери, ЏПС направи, камери, може да читате книги и многу други нешта. Или пак како што се вели, овие направи го премостоја јазот меѓу телефоните и компјутерите. Само Ејпл велат, во годината 2009 регистрирал милијарда апликации и сега нуди 100 илјади на избор.

„Знаете што значат 100 илјади апликации и што се може да се направи со нив. Станува збор за животен стил. Постои еден сон за перфектна направа која би можела се да работи“.

вели Чен. Овој дел од високата технологија нема крај. А во 2009 тата се правеа и многу други нешта. На пример се создаде Био Маска за лице направена од специјален фибер која 100 насто штити од вируси и бактерии. Потоа Хив вакцината која го намалува ризикот од инфекција на СИДА за 31 насто. Таа е резултат на три годишни истражувања но и натаму некои научници се сомневаат. И на крај Обединетите Нации ја одбележаа 2009 со како Меѓународна година на Астрономијата во знак на признавање на 400 тини години старото откритие на Галилео Галилеј. Земјата и натаму е тркалезна и се врти.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG