На 10 овој месец, Светската здравствена организација објави крај на една глобална здравствена закана.
Имено, вирусот Х1Н1, попознат како свински грип, веќе не е пандемија.
Но, само 24 часа подоцна, светот дозна за нова закана: ген кој ги трансформира постојните бактерии во нови поотпорни форми.
Речиси не постојат лекови, односно антибиотици со кои можат тие бактерии потоа да се третираат. Еве како проблемот го објаснува Дејвид Ливермор кој ја истражува отпорноста од антибиотици:
„Она што се случува при ширењето на отпорноста, е тоа што станува се потешко да се третираат инфекциите предизвикани од овие бактерии. Обично постојат уште еден или два антибиотика, но ние веќе се соочуваме со многу намалени опции.“
Генот познат како ’Њу Делхи метало бета лактамас‘ или НДМ1, беше пронајден кај британски пациенти кои престојувале во Индија и Пакистан за да извршат пластични операции или за други медицински процедури.
Прв пат беше идентификуван во минатата година кај еден шведски пациент кој извесно време бил третиран во една индиска болница.
Супербактеријата е отпорна и на најмоќните антибиотици познати како карбапенем, а кои обично се резервирани за итна употреба.
Наодите укажуваат на тоа дека супербактеријата веќе нашироко циркулира и во Индија, каде што здравствениот систем има многу помалку шанси да го идентификува нејзиното присуство.
Истражувачите веќе забележале околу 150 случаи во Индија, Пакистан и Бангладеш. Во Британија, досега супербактеријата е откриена кај 37 луѓе, од кои сите биле на хируршки зафати во Југоисточна Азија.
Но, бактеријата е пронајдена и во Австралија, Канада, Холандија и Шведска. Авторите на студијата велат дека со цветањето на индустријата со таканаречениот медицински туризам расте опасноста оваа супербактерија наскоро да стане светски проблем број еден.
Најзагрижувачка е нејзината способноста да скока меѓу бактерии што пак би можело да предизвика појава на нови инфекции.
„Отпорноста би можела да се прошири во многу различни бактерии и меѓу многу пациенти. Тогаш ќе имаме вистински проблем. Тогаш ќе биде многу потешко да се третира таквиот широк спектар на инфекции“, вели Ливермор.
Тој препорачува зголемување на инвестициите во истражувањето на нови антибиотици и воспоставување глобален систем за надгледување.
Експертите нагласуваат дека инфекцијата може да се спречи со нормални мерки за контрола, како правилна дезинфекција во болниците и често миење на рацете со антибактериски сапун.

Станува се потешко да се третираат инфекциите предизвикани од овие бактерии. Обично постојат уште еден или два антибиотика, но ние веќе се соочуваме со многу намалени
опции.