Достапни линкови

ООН: афера ,,Климагејт,,


Конференција на Меѓувладиниот одбор за климатски промени
Конференција на Меѓувладиниот одбор за климатски промени

Телото на Обединетите нации задолжено за климатските промени мора целосно да се реформира за да се избегнат грешките како оние во извештајот од 2007 година кои предизвикаа голем скандал. Ова е резултатот од петмесечната независна истрага за работата на Меѓувладиниот одбор за климатски промени соопштени синоќа во Њујорк.

Харолд Шапиро, поранешен претседател на Универзитетот Принстон кој ја предводеше ревизијата на работата на Меѓувладиниот панел за климатските промени на прес конференцијата изјави:

,,Мислам дека грешките го нарушија процесот. Без поговор. Довербата е нешто што треба да ја заработувате секоја година и тоа да го потврдувате.,,
Извештајот на работната група која го испитуваше влијанието на климатските промени содржи многу изјави за кои има малку докази. Групата добила и спротивни мислења, но тие не биле вклучени во извештајот.

Изјави Шапиро кој побара да се донесат строги упатства за тоа кои изворни материјали можат да бидат вклучени во студиите за климатските промени.

Тој, исто така, упати апел за попрецизен преглед на потенцијалните судири на интереси меѓу членовите на Одборот и за промени во раководната структура.

Ревизијата беше спроведена по скандалот што избувна околу студијата на Одборот во 2007 година што пак му помогна да ја добие Нобеловата награда за мир за неговата улога во едуцирањето на јавноста за климатските промени.

Наградата беше поделена со поранешниот американски потпретседател Ал Гор, кој го продуцираше филмот ,,Незгодна вистина,, за причините, но и за потенцијалните решенија на проблемите со климатските промени.

Станува збор за извештај од скоро илјада страници за кој беше оценето дека претставува најсилно предупредување за заканата во која се наоѓа Планетата поради емисијата штетни гасови во атмосферата.

Но, пред самитот за климата што се одржа лани во Копенхаген протекоа илјадници имејл пораки од кои се виде што било користено во составувањето на извештајот.

Според скептиците во климатските промени и лобистите за фосилни горива овие пораки покажале дека податоците биле измислени и фалсификувани. Скандалот доби и свое име Климагејт.
Ние, исто така, треба да запамтиме дека зад големите нарушувања и идеолошки пазари постои искрен научен дискурс. За жал, ваквите тактики се познати во климатската науката и не покажуваат знаци на попуштање.


Во јануари годинава тоа го призна и самиот Одбор за климатски промени особено во врска со неговото предвидување дека хималајските глечери, кои обезбедуваат вода за милијарда луѓе во Азија, би можело да исчезнат до 2035 година. Тоа, пак ќе го зголеми нивото на океаните, а голем дел на Холандија ќе се најде под вода.

,,Извештајот на работната група која го испитуваше влијанието на климатските промени содржи многу изјави за кои има малку докази. Групата добила и спротивни мислења, но тие не биле вклучени во извештајот.,,

рече Шапиро кој ја стави под прашалник и улогата на актуелниот претседавач на Меѓувладиното тело Раџендра Пачаури поради наводите дека тој бил во многу управни одбори на таканаречени еколошки компании.

Пачаури призна дека телото треба да биде реформирано, но додаде дека останува фактот оти главната причина за климатските промени е човекот.

,,Ние, исто така, треба да запамтиме дека зад големите нарушувања и идеолошки пазари постои искрен научен дискурс. За жал, ваквите тактики се познати во климатската науката и не покажуваат знаци на попуштање.,,

Изјави Пачаури.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG