Достапни линкови

Обама побара акција за „чиста“ енергија


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека истекувањето нафта во Мексиканскиот Залив е потсетник дека деновите на евтини горива се изброени.

Во обраќањето од Овалната соба на Белата куќа, американскиот претседател Барак Обама изјави дека катастрофата во Мексиканскиот Залив треба да го поттикне Конгресот да покрене акција за иднина со чиста енергија во која ќе биде намалена зависноста од нафтата и од другите фосилни горива.


Трагедијата што се одвива на нашиот брег е најболниот и најмоќен потсетник дека сега е време да се прифати чистата енергија. Сега е момент за оваа генерација да покрене национална мисија за да ја ослободи американската иновативност и да ја преземе контролата врз сопствената иднина.

„Трагедијата што се одвива на нашиот брег е најболниот и најмоќен потсетник дека сега е време да се прифати чистата енергија. Сега е момент за оваа генерација да покрене национална мисија за да ја ослободи американската иновативност и да ја преземе контролата врз сопствената иднина.“
Трагедијата што се одвива на нашиот брег е најболниот и најмоќен потсетник дека сега е време да се прифати чистата енергија. Сега е момент за оваа генерација да покрене национална мисија за да ја ослободи американската иновативност и да ја преземе контролата врз сопствената
иднина.


Според Обама, станува збор за итна задача која не трпи натамошни одлагања:

„Со децении ни е познато дека деновите на евтини и лесно достапни горива се изброени. Со децении зборуваме за потребата да и се стави крај на вековната зависност на Америка на фосилни горива. Но, со децении, не успеавме да дејствуваме со чувство на итност со кое треба да се пристапува кон ваков проблем.“

Обама наведува дека е време да се напредува на патот кој, како што изјави, бил блокиран, не само од лобистите на нафтената индустрија, туку и од недостигот на политичка храброст и отвореност.

Тој исто така вети борба против излеаната нафта во Мексиканскиот залив се додека е тоа потребно.

Обама додаде дека и наредил на компанијата Бритиш Петролеум да мобилизира дополнителна опрема и технологија, која треба да извади 90 проценти од нафтата која истече по уривањето на платформата во април годинава.

„Една од лекциите што ја научивме е дека ни требаат подобри прописи и подобри стандарди за безбедност кога станува збор за ваква експлоатација на нафта.“


До обраќањето на Обама пред јавноста дојде, откако научниците соопштија дека истекувањето на нафатата во Мексиканскиот Залив е за 50 насто поголемо од претходно проценетото. Имено, дневно во морето се излевале до 60 илјади барели нафта.

Американските претседатели ретко се обраќаат од Овалната соба и тоа обично го прават во кризни времиња.

Од таму, Џорџ Буш говореше по терористичките напади на 11 септември 2001 година, Роналд Реган по трагедијата со вселенскиот брод Челенџер, Џон Кенеди за време на кубанската ракетна криза, а Ричард Никсон од Овалната соба најави дека ќе поднесе оставка по аферата Вотергејт.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG