На итната седница на Обединетите Нации за зголемување на меѓународната помош за Пакистан, кој е погоден од катастрофални поплави, Генералниот секретар на Бан Ки Мун, , изјави дека поплавите се како „забавено цунами“. Првиот човек на Светската организација претходно го посети Пакистан каде што изјави дека таква катастрофа не видел во животот.
Амаџад Џамал е портпарол на Светската програма за храна на Обединетите Нации. Тој од Пакистан порача:
„Светската програма за храна го зголемува нивото на своите опоерации обезбедувајки храна за над 6 милиони луѓе погодени од поплавите/ Предизвикот е голем. Логистиката е најголем проблем. Нема патишта...нема мостови...се е урнато. Потребна ни е меѓународна помош и тоа што е можно побргу“.
Обединетите Нации соопштија дека повеќе од 4 милиони луѓе останаа бездомници откако Пакистан го зафатија поплавите. Светската Организација повика итно да се соберат 460 милиони долари, но дел од меѓународната заедница стравуваше парите да не завршат во рацете на екстремистите.
Пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Мехмуд Куреши пак предупреди дека отсуството на помош за неговата земја во овие моменти, може да биде искористено токму од страна на екстремистите.
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон најави дека помошта на Вашингтон ќе биде зголемена од 60 на 150 милиони долари. Германија и Саудиска Арабија исто така испратија нова помош за земјата. Според податоците на Светската Организација, во поплавите во Пакистан загинале повеќе од 1600 луѓе, а околу 4 милиони останале без живеалиште.