Извештаите и ранг листите секој си ги чита во зависност од политичката опција. Власта ги пренесува само позитивните работи, опозицијата критикувa...
Според истражувањата на светските институти и истражувачки центри, за Македонија би можело да се каже дека е делумно слободна земја според слободата на медиумите, спаѓа во земјите кои имаат висок степен на корупција, земја во која делумно се почитуваат човековите права, бележи пад според индексот на демократија или пак се вбројува во топ економски реформатори.
Секој со различно толкување на извештаите
Но, извештаите и ранг листите секој си ги чита во зависност од тоа на која политичка опција и припаѓа. Опозицијата ги користи за да рече дека власта не си ја работи својата работа и ја уназадува земјата. Власта, пак, и на негативните извештаи гледа позитивно или пак си гикористи за сопствена реклама доколу земјата бележи прогрес во одредено поле. По правило, партијата што е во опозиција се прокламира дека ги разбира пораките што ги праќаат ваквите извештаи и се залага за подобрување на состојбите, но истата партија има поинакви аршини кога ќе дојде на власт, велат експертите.
Но, каква слика даваат за земјата ваквите извештаи и колку таа слика кореспондира со реалната? Експертите се согласни дека извештаите за состојбите во Македонија ја даваат реалната слика, која не е ни многу црна, но далку е од розова.
Транспаренси Интернешенал ја рангира Македонија на 62 место, наспроти 71, кое го заземаше лани, во борбата со корупцијата. За власта оваа перцепција е погрешна, бидејќи Македонија во изминатите четири години напредувала 43 места на листата на корупција.
На листата на Фридом хаус, на пример, според оцените за слободата на говорот, Македонија забележа пад за цели 30 места во однос на лани и сега е на 64. место. Но добро котира на Дуинг бизнис листата, каде неколку години наназад е меѓу топ реформаторите. Владата силно го рекламираше тоа постигнување. Иако експертите се согласни дека извештаите на странските институти ја даваат реалната слика, сепак има одредени истражувања што подлежат на критики. Неодамна проектот на Светска Банка Дуинг бизнис доби силни критики од самата банка поради контроверзности во рангирањето и нереална слика за бизнис условите во земјите. Меѓународните бизнис интернет сајтови тогаш пренесоа изјави на претставниците на акционерите на Светска банка кои ја критикуваат публикацијата како преполна со методолошки и статистички проблеми.
„Изнeнаден сум што се преувеличува значењето на листата и се прави силна пропаганда во обид со рангирањата за да се изврши притисок врз одредени влади да се мотивираат да усвојат некои реформи иако тие реформи не ги решаваат суштинските проблеми во бизнис климата“, изјавил Рожерио Стударт, претставник на Бразил.
Македонија пред три години беше на листата пет топ реформатори. А Владата тоа достигнување го искористи да се пофали за своите достигнувања. Годинава и на оваа листа Македонија потфрли за две места. Но, работата не е во тоа на кое место е земјата, туку какви се состојбите и зошто покрај се, во земјата ги нема странските инвеститори и не е подобрена бизнис климата и нема нови вработувања, велат експертите.
Истражувањата се изработуваат по однапред утврдена методологија и се набљудуваат одредени параметри, кои важат за сите земји, и врз база на тоа се донесуваат одредени заклучоци кои ја даваат реалната слика за состојбите кои се истражуваат, објаснува Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања.
„Се оценуваат сите држави и во зависност, дали се оди со скала од еден до пет или од еден до десет, има повеќе методолошки опции каде што може тоа да се мери, дали со делумно или целосно исполнување на критериумите или неисполнување на критериумите... Тоа воопшто и не е важно во случајов, важно е дека има критериуми според кои се оценуваат и врз база на тоа се оценува целата држава.“
Критиките реални
Сликата која се прикажува во извештаите на меѓународната зедница за Македонија е реална, но најчесто власта не ја гледа суштината на извештаите, туку гледа како на документ кој можат да си го употребат за свои цели, вели комуникологот Петар Арсовски.
Значи сликата за Македонија никогаш не била ниту розова, ниту премногу црна туку секогаш била релна, но зависно од тоа дали нашите политички определби се поклопуваат со определбите на нашите меѓународни пријатели ние во тие извештаи сме добивале подобра или полоша оценка. Ако ги погледнете сите извештаи досега на ЕК, тие секогаш употребуваат термини и за добро сработените проекти, но и критика за оние кои не се сработени. Така што мислам дека речникот на меѓународната заедница е повеќе прашање на политичка определба, додека нивната слика за нас е малку пореална и ние не ја гледаме целосно.
На пример отпуштање на јавна администрација, намалување на субвенции во земјоделството, решaвање на проблемот со името... Сето тоа се болни прашања пред кои ние повеќе би замижале отколку да се соочиме со нив. Затоа, ние извештаите кои не тераат во тој правец или ги дезинтерпретираме или ги сведуваме на дневно политичка основа.
Затоа што власта некогаш е позафатена со употребната вредност на тие извештаи за домашниот рејтинг, одошто со суштината на нивната содржина. Значи, власта на секој извештај од меѓународната заедница гледа како на документ кој може да се употреби за внатрешна реклама, и со тоа таа создава една дееманципација на внатрешното тело.
Македонија од земја која беше лидер во регионот, сега не само што стагнира , туку може да се рече дека и назадува, велат експертите. Од земја која далеку зад себе ги оставаше земјите во опкружувањато во спроведувањето на реформите, денеска не е член ниту на НАТО, ниту на ЕУ. Тапка во место и речиси секоја година во извештаите на Европската комисија за напредокот кон Унијата се нотираат истите проблеми. Судството, економијата, администрацијата, корупцијата, состојбата со слободата на медиумите, неколку години се наведуваат како слабости, но многу малку се работи на подобрување на недостатоците и на спроведување на реформите.
Забелешките од Европската комисија владата не ги сфаќа сериозно, а опозицијата ги користи за да ја критикува нејзината работа, велат експертите.
Професор Мерсел Биљали вели дека владата не ги прифаќа препораките за да се санираат и подобрат состојбите во земјава, туку ги користи за политички игри и маркетинг.
„Никако да ги прифатиме тие пораки сериозно, за жал тоа служи за дневно политички игри, за политички маркетинг, така што власта секогаш ќе ги максимализира тие позитивни нијанси во рамки на опишувањето на состојбите, а опозицијата ќе ги максимализира негативностите во одделните пораки. Значи никако да дојдеме до тоа што е реална состојба и да се мобилизираме околу тоа“, смета Биљали.
Но, не само извештаите на странските институти, и на некои извештаи изготвени од домашни експерти се гледа со потценување и се дискредитирааат луѓето, наместо да се прифатат забелешките. Владеачката партија, по објавувањето на годишниот извештај за состојбата со човековите права во земјата, наместо да се произнесе по забелешките, се обиде да ја дискредитира работата на Комитетот и на неговата некогашна претседателка Мирјана Најчевска. Од партијата тогаш повикаа со резерва да се земат наодите во извештајот, затоа што „претседателката“ имала политички ангажман и најверојатно станува збор за политичка злоупотреба, притоа заборавајќи или незнаејќи дека Најчевска неколу години не е претседател на Хелсиншки.
„Владеачката структура не може да даде аргументи или противаргументи на она што е изложено во извештајот на Хелсиншкиот комитет и се служи со поместување и изместување на фокусот на вниманието на една личност, наместо да се зафати со критиката, со проблемите кои што се посочени во самиот извештај.“
Македонија креира слика на несериозна земја
Македонија креира слика на несериозна и земја со неизвесна иднина, затоа што нема конзистентност во стратегиските определби, вели професорот Мерсел Биљали.
„Си дозволува да подпадне под политички волунтаризам на одредени популистички структури. Така што тоа комплетно ја пореметува нашата слика во однос на странските призми.“
Иако, светските центри на моќ имаат свои извори кои ги известуваат за состојбите во една земја, сепак сликата за одреден регион ја ствараат и врз она што властити во една земја им го сервираат, вели аналитичарот Имер Исмаили. Но, проблем е тоа што тие имаат еден елементарен проблем, а тоа е комуникацијата со нашата влада, вели Исмаили:
„Ние оставаме многу грда слика кон странците, ги навредуваме, ги игнорираме, не сакаме да ги читаме нивните пораки што во дипломатијата е прво правило, мораш доколку добиеш негативен извештај да постапиш по него, а не да отвараш фронт со Брисел, значи имаме погрешна комункација и перцепција на тоа што е европска вредност, а што е македонска вредност, гледајќи од призмата на владата.“
Но, не секогаш тој меѓународен фактор има реална слика за состојбите и проблемите во една држава. На пример во документите што неодамна ги објави сајтот Викиликс, а се однесуваат на Македонија, американскиот помошник на државниот секретар Филип Гордон изразил надеж дека ако македонските власти се откажат од идејата за референдум за името, а Атина да се откаже од барањето за промена на пасошите, можен е напредок во преговорите за името.
Поранешниот абасадор Ристо Никовски вели дека светот многу малку знае за суштината на спорот за името, а причината зошто е тоа така, според него лежи во што не се преземаат активности да се запознаат релевантните фактори со реалната слика.
„Тоа е наш голем пропуст кој за жал продолжува да станува таков бидејќи не преземаме доволно активности да ги запознаеме сите релевантни фактори, а и пошироко, тоа е наша основна задача.“
Наместо отварање фронт со Брисел, да се работи
Но, пораншниот советник за безбеднсот во претседателските кабинети на Трајковски и Црвенковски Стево Пендаровски вели дека сепак американската дипломатија е професионална машинерија и кај нив нема површи согледувања.
„Кај нив нема површни согледувања и нема согледувања на моментот, тие работат подолг период и верувам дека правилно ги проценуваат процесите, не верувам дека и во делот наМакедонија би погрешиле особено затоа што се работи за мала држава, не за држава од калибарот на Кина или Русија, каде што евентуално може и да погрешите затоа што не можете да имате целосен опфат на комплетнатата територијата или политичка сцена.“
Пораките што ги праќа меѓународниот фактор треба да се сфатат и да се постапува по нив, да бидат механизма за контрола, до каде земјата стасала и што се уште треба да се направи, но тие реформи да се прават заради нас самите, а не за д аим се удоволи на странците, сметаат експертите.
Власта не треба да ја релативизира реалноста, туку добро и прецизно да ги чита извештаите, вели професор Имер Исмаили:
„Сега веќе без никаков дипломатски јазик, Брисел и САД ни кажуваат, ако сакате да бидете дел од европската и светската цивилизација, односно евроамериканската цивилизација морате да направите, значи не велат би било пожелно, туку морате да го смените името. И сега што треба понатаму да се направи? Да одиме ние како мала земја од два милиона народ против цел свет, па тоа е самоубиствено. Ова го правеше Милошевиќ во 90-тите години и видовте каде стигна Србија.“
Извештаите за Мекедонија од меѓународната зедница треба да им укажат на политичарите во Македонија до каде напреднала земјата и каде е на патото за ЕУ и НАТО, до каде се реформите. Политичарите да бидат умерени во своите изјави и со своето однесување да не ја оцрнуваат земјата пред меѓународниот фактор, посочуваат експертите.
Секој со различно толкување на извештаите
Но, извештаите и ранг листите секој си ги чита во зависност од тоа на која политичка опција и припаѓа. Опозицијата ги користи за да рече дека власта не си ја работи својата работа и ја уназадува земјата. Власта, пак, и на негативните извештаи гледа позитивно или пак си ги
Значи сликата за Македонија никогаш не била ниту розова, ниту премногу црна туку секогаш била релна, но зависно од тоа дали нашите политички определби се поклопуваат со определбите на нашите меѓународни пријатели ние во тие извештаи сме добивале подобра или полоша
оценка.
Но, каква слика даваат за земјата ваквите извештаи и колку таа слика кореспондира со реалната? Експертите се согласни дека извештаите за состојбите во Македонија ја даваат реалната слика, која не е ни многу црна, но далку е од розова.
Транспаренси Интернешенал ја рангира Македонија на 62 место, наспроти 71, кое го заземаше лани, во борбата со корупцијата. За власта оваа перцепција е погрешна, бидејќи Македонија во изминатите четири години напредувала 43 места на листата на корупција.
На листата на Фридом хаус, на пример, според оцените за слободата на говорот, Македонија забележа пад за цели 30 места во однос на лани и сега е на 64. место. Но добро котира на Дуинг бизнис листата, каде неколку години наназад е меѓу топ реформаторите. Владата силно го рекламираше тоа постигнување. Иако експертите се согласни дека извештаите на странските институти ја даваат реалната слика, сепак има одредени истражувања што подлежат на критики. Неодамна проектот на Светска Банка Дуинг бизнис доби силни критики од самата банка поради контроверзности во рангирањето и нереална слика за бизнис условите во земјите. Меѓународните бизнис интернет сајтови тогаш пренесоа изјави на претставниците на акционерите на Светска банка кои ја критикуваат публикацијата како преполна со методолошки и статистички проблеми.
„Изнeнаден сум што се преувеличува значењето на листата и се прави силна пропаганда во обид со рангирањата за да се изврши притисок врз одредени влади да се мотивираат да усвојат некои реформи иако тие реформи не ги решаваат суштинските проблеми во бизнис климата“, изјавил Рожерио Стударт, претставник на Бразил.
Македонија пред три години беше на листата пет топ реформатори. А Владата тоа достигнување го искористи да се пофали за своите достигнувања. Годинава и на оваа листа Македонија потфрли за две места. Но, работата не е во тоа на кое место е земјата, туку какви се состојбите и зошто покрај се, во земјата ги нема странските инвеститори и не е подобрена бизнис климата и нема нови вработувања, велат експертите.
Истражувањата се изработуваат по однапред утврдена методологија и се набљудуваат одредени параметри, кои важат за сите земји, и врз база на тоа се донесуваат одредени заклучоци кои ја даваат реалната слика за состојбите кои се истражуваат, објаснува Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања.
„Се оценуваат сите држави и во зависност, дали се оди со скала од еден до пет или од еден до десет, има повеќе методолошки опции каде што може тоа да се мери, дали со делумно или целосно исполнување на критериумите или неисполнување на критериумите... Тоа воопшто и не е важно во случајов, важно е дека има критериуми според кои се оценуваат и врз база на тоа се оценува целата држава.“
Критиките реални
Сликата која се прикажува во извештаите на меѓународната зедница за Македонија е реална, но најчесто власта не ја гледа суштината на извештаите, туку гледа како на документ кој можат да си го употребат за свои цели, вели комуникологот Петар Арсовски.
Каква е сликата за Македонија во извештаите на странските институти и организации?
Значи сликата за Македонија никогаш не била ниту розова, ниту премногу црна туку секогаш била релна, но зависно од тоа дали нашите политички определби се поклопуваат со определбите на нашите меѓународни пријатели ние во тие извештаи сме добивале подобра или полоша оценка. Ако ги погледнете сите извештаи досега на ЕК, тие секогаш употребуваат термини и за добро сработените проекти, но и критика за оние кои не се сработени. Така што мислам дека речникот на меѓународната заедница е повеќе прашање на политичка определба, додека нивната слика за нас е малку пореална и ние не ја гледаме целосно.
Како власта реагира на забелешките во тие извештаи?
Затоа, ние извештаите кои не тераат во тој правец или ги дезинтерпретираме или ги сведуваме на дневно политичка основа.
Зошто на негативните извештаи, забелешки власта понекогаш гледа позитивно?
Затоа што власта некогаш е позафатена со употребната вредност на тие извештаи за домашниот рејтинг, одошто со суштината на нивната
содржина.
На пример отпуштање на јавна администрација, намалување на субвенции во земјоделството, решaвање на проблемот со името... Сето тоа се болни прашања пред кои ние повеќе би замижале отколку да се соочиме со нив. Затоа, ние извештаите кои не тераат во тој правец или ги дезинтерпретираме или ги сведуваме на дневно политичка основа.
Зошто на негативните извештаи, забелешки власта понекогаш гледа позитивно?
Затоа што власта некогаш е позафатена со употребната вредност на тие извештаи за домашниот рејтинг, одошто со суштината на нивната содржина. Значи, власта на секој извештај од меѓународната заедница гледа како на документ кој може да се употреби за внатрешна реклама, и со тоа таа создава една дееманципација на внатрешното тело.
Македонија од земја која беше лидер во регионот, сега не само што стагнира , туку може да се рече дека и назадува, велат експертите. Од земја која далеку зад себе ги оставаше земјите во опкружувањато во спроведувањето на реформите, денеска не е член ниту на НАТО, ниту на ЕУ. Тапка во место и речиси секоја година во извештаите на Европската комисија за напредокот кон Унијата се нотираат истите проблеми. Судството, економијата, администрацијата, корупцијата, состојбата со слободата на медиумите, неколку години се наведуваат како слабости, но многу малку се работи на подобрување на недостатоците и на спроведување на реформите.
Забелешките од Европската комисија владата не ги сфаќа сериозно, а опозицијата ги користи за да ја критикува нејзината работа, велат експертите.
Професор Мерсел Биљали вели дека владата не ги прифаќа препораките за да се санираат и подобрат состојбите во земјава, туку ги користи за политички игри и маркетинг.
„Никако да ги прифатиме тие пораки сериозно, за жал тоа служи за дневно политички игри, за политички маркетинг, така што власта секогаш ќе ги максимализира тие позитивни нијанси во рамки на опишувањето на состојбите, а опозицијата ќе ги максимализира негативностите во одделните пораки. Значи никако да дојдеме до тоа што е реална состојба и да се мобилизираме околу тоа“, смета Биљали.
Така што власта секогаш ќе ги максимализира тие позитивни нијанси во рамки на опишувањето на состојбите, а опозицијата ќе ги максимализира негативностите во одделните
пораки.
Но, не само извештаите на странските институти, и на некои извештаи изготвени од домашни експерти се гледа со потценување и се дискредитирааат луѓето, наместо да се прифатат забелешките. Владеачката партија, по објавувањето на годишниот извештај за состојбата со човековите права во земјата, наместо да се произнесе по забелешките, се обиде да ја дискредитира работата на Комитетот и на неговата некогашна претседателка Мирјана Најчевска. Од партијата тогаш повикаа со резерва да се земат наодите во извештајот, затоа што „претседателката“ имала политички ангажман и најверојатно станува збор за политичка злоупотреба, притоа заборавајќи или незнаејќи дека Најчевска неколу години не е претседател на Хелсиншки.
„Владеачката структура не може да даде аргументи или противаргументи на она што е изложено во извештајот на Хелсиншкиот комитет и се служи со поместување и изместување на фокусот на вниманието на една личност, наместо да се зафати со критиката, со проблемите кои што се посочени во самиот извештај.“
Ги навредуваме, ги игнорираме, не сакаме да ги читаме нивните пораки што во дипломатијата е прво правило, мораш доколку добиеш негативен извештај да постапиш по него, а не да отвараш фронт со Брисел, значи имаме погрешна комункација и перцепција на тоа што е европска вредност, а што е македонска вредност, гледајќи од призмата на
владата.
Македонија креира слика на несериозна земја
Македонија креира слика на несериозна и земја со неизвесна иднина, затоа што нема конзистентност во стратегиските определби, вели професорот Мерсел Биљали.
„Си дозволува да подпадне под политички волунтаризам на одредени популистички структури. Така што тоа комплетно ја пореметува нашата слика во однос на странските призми.“
Иако, светските центри на моќ имаат свои извори кои ги известуваат за состојбите во една земја, сепак сликата за одреден регион ја ствараат и врз она што властити во една земја им го сервираат, вели аналитичарот Имер Исмаили. Но, проблем е тоа што тие имаат еден елементарен проблем, а тоа е комуникацијата со нашата влада, вели Исмаили:
„Ние оставаме многу грда слика кон странците, ги навредуваме, ги игнорираме, не сакаме да ги читаме нивните пораки што во дипломатијата е прво правило, мораш доколку добиеш негативен извештај да постапиш по него, а не да отвараш фронт со Брисел, значи имаме погрешна комункација и перцепција на тоа што е европска вредност, а што е македонска вредност, гледајќи од призмата на владата.“
Но, не секогаш тој меѓународен фактор има реална слика за состојбите и проблемите во една држава. На пример во документите што неодамна ги објави сајтот Викиликс, а се однесуваат на Македонија, американскиот помошник на државниот секретар Филип Гордон изразил надеж дека ако македонските власти се откажат од идејата за референдум за името, а Атина да се откаже од барањето за промена на пасошите, можен е напредок во преговорите за името.
Поранешниот абасадор Ристо Никовски вели дека светот многу малку знае за суштината на спорот за името, а причината зошто е тоа така, според него лежи во што не се преземаат активности да се запознаат релевантните фактори со реалната слика.
„Тоа е наш голем пропуст кој за жал продолжува да станува таков бидејќи не преземаме доволно активности да ги запознаеме сите релевантни фактори, а и пошироко, тоа е наша основна задача.“
Наместо отварање фронт со Брисел, да се работи
Но, пораншниот советник за безбеднсот во претседателските кабинети на Трајковски и Црвенковски Стево Пендаровски вели дека сепак американската дипломатија е професионална машинерија и кај нив нема површи согледувања.
„Кај нив нема површни согледувања и нема согледувања на моментот, тие работат подолг период и верувам дека правилно ги проценуваат процесите, не верувам дека и во делот на
Кај нив нема површни согледувања и нема согледувања на моментот, тие работат подолг период и верувам дека правилно ги проценуваат процесите, неверувам дека и во делот на Македонија би погрешиле особено затоа што се работи за мала
држава.