Како што преговорите меѓу Македонија и Грција залутаа во ќор сокак, така и споменикот на античкиот император Филип Втори заглави три години во дворот на битолската општина.
Ако градоначалникот на Битола, Владимир Талески на почетокот се правдаше дека имаат проблем со фонтаната па затоа не го ставаат, сега ни тој не знае кога коњаникот ќе дојава на плоштадот Магнолија. Таму го чека постаментот, кој во последно време почна да служи и за објава на огласи, фонтаната во форма на неговиот штит, која наместо споменикот сега е атракција и други актички симболи. Градоначалникот Талески со иронија одговара дали овој проект за кого општината даде стотици илјади евра е промашена инвестиција.
„Како што некои од советниците цело време ни правеа опозиција за останатите проекти, а кога ги видоа резултатите немаат како да се повлечат и да сфатат дека она што го правевме со реализацијата на програмата е навистина така и за доброто на граѓаните, исто така и Грците сфатија дека погубна е нивната политика кон Македонија. Меѓутоа и тие немаат како да се повлечат. Е, сега има и поединци кои од Филип Втори направија политичка тема. Дури и во период кога требаше да се достават одредени извештаи за Македонија го наметнаа како проблем од највисок ранг за државата. Тука не преценаа поставувањето на Филип Втори ќе биде пречка за преговорите со Грција итн. Прашањето вештачки се исполитизира, а ние за да не правиме пречки и да не додаваме театарски кажано шлагворд за манипулација се одлучивме до следниот битен момент ќе го поставиме споменикот“, вели Талески.
Освен споменикот на Филип Втори, во време кога членството на Македонија во НАТО и ЕУ е условено со решавање на спорот со името со Грција, власта реши да изгради неколку споменици на антички владетели, да именува сообраќајници и други капацитети со нивни имиња.
Прашањето за поставувањето на споменикот на Филип Втори вештачки се исполитизира, а ние за да не правиме пречки и да не додаваме театарски кажано, шлагворд за манипулација се одлучивме до следниот битен момент ќе го поставиме
споменикот.