Каде се парите од посапувањето на водата во Битола?

Поскапувањето на сметките за вода за битолските граѓани, очигледно не му помогна на ,,Водовод" да се справи со финансиските проблеми. Фирмата сега ќе се задолжува со кредит.
И покрај поскапувањето на водата во првите осум месеци од годинава дури за 117 проценти, кои Водовод ги правдаше со лошата финансиска состојба на фирмата и потребата од капитални инвфестиции, тие сега се задолжува со кредит повторно за истата намена. Ваквиот чекор ја разбранува локалната опозиција која прашува каде завршиле парите од поскапувањето на водата, па сега фирмата има потреба од нов прилив на средства.
Сметаме дека поскапувањето на водата од 117 проценти во првите осум месеци и 80 проценти во останатите четири месеци и дополнителните 2,5 милиони евра кои Водовод ќе ги прибере оваа година по овој основ, се сосема доволни за инвестирање. Овој кредит според нас е бескорисен и економски штетен


,,Либерално демократската партија е против задолжувањето на „Водовод“ со кредит од 300 илјади евра за купување на средства и материјали. Сметаме дека поскапувањето на водата од 117 проценти во првите осум месеци и 80 проценти во останатите четири месеци и дополнителните 2,5 милиони евра кои Водовод ќе ги прибере оваа година по овој основ, се сосема доволни за инвестирање. Овој кредит според нас е бескорисен и економски штетен."

изјави Валентин Груевски од ЛДП.
Директорот на „Водовод“, Зоран Илиоски признава дека средствата му се потребни за набавка на основани средства за работа. И тоа, каврцен песок за
прочистување на водата во филтер станицата, реконструкција на потребниот систем за хлотирање, материјал за чистење на водомерите и камион зашто постоечкиот е стар 30 години. Илиоски вели зошто парите да се дадат одеднаш кога може на рати.

,,Со ова ќе се набават четири важни работи за работењето на „Водовод“ за кои што треба да се реагира побрзо за да не дојдеме во ситуација потоа да
Со ова ќе се набават четири важни работи за работењето на „Водовод“ за кои што треба да се реагира побрзо за да не дојдеме во ситуација потоа да жалиме
жалиме. Сме доволно финансиски солвентни за тој кредит да не се одрази врз тековното работење на фирмата. Инвестираме во работи кои беа предвидени со планот за 2010 година."

вели Илиоски.
Цената на водата на почетокот на година беше зголемена за 117 проценти, па наместо 14 денари за кубен метар домакинствата плаќаа 30, 5 денари. Потоа со образложение дека се собрале дел од средствата за инвестиции, фирмата ја намали цената за 20 остсто и сега кубикот вода чини околу 24 денари.