Лустрацијата, самитот во Лисабон, можни предврeмени избори... главни теми во дневните печатени медиуми.
Лустрација како на филм
Лустрацијата продолжува со своите драмски чинови, а медиумите продолжуваат да ги бележат: „Лустрацијата врие, полицијата апси, фрчат и германски досиеја“ -насловува Утрински, а Дневник објавува дека МВР го нашла фалсификаторот на досиејата кој признал дека работел по налог на ДПА.
И новинарите им создадоа работа на медиумите, поточно изборното собрание за ново раководство на своето Здружение, што, како и се' кај нас, впрочем, доби политичко-партиски димензии. Утрински и Дневник со наслови: „Политиката вмеша прсти во новинарското Собрание“ и „Новинарите на избори по три недели“, откако тоа што се одржа беше прогласено за нерегуларно поради сомнежите за фалсификат при гласањето.
Терор на соросоидите?
Вечер, пак, се прашува дали по 15 години контрола на Сорос врз медиумите ќе има пресврт и насловува: „Терор од соросоидите врз новинарството“.
„На самитот на НАТО пропуштена уште една шанса“, пишува Време и додава дека сме изолирани во чекалница, а Нова Македонија забележува: „Блиску до Обама, далеку од НАТО“, алудирајќи на кусата средба на претседателот Иванов со американскиот претседател Обама, на самитот во Лисабон.
„Бранко бара избори, моли да ги нема“, ја толкува Вечер најавата на лидерот на СДСМ за предвремени избори на митингот во Штип, а Време смета дека „Груевски не сака да излезе на мегдан предвреме“.
Исто така, Време, неколку дена се занимаваше со намерите на надлежните од Општина Центар да го дислоцираат споменикот на Крсте Петков Мисирков поради изградбата на Триумфалната порта во центарот на Скопје, на плоштадот Пела.
Нова Македонија смета дека повторувањето на неупотребата на придавката „македонски“ во извештајот на Европската комисија и на сајтот на Обединетите нации е „Техничка грешка со политичка умисла“.
Груевски и Камерун
Нова Македонија, на насловната информира за средбата на премиерот Груевски со британскиот премиер во Лондон забележувајќи дека Груевски е прв македонски премиер што се сретнал со премиер на Велика Британија во Даунинг стрит 10.
Само Утрински и Дневник го пренесоа интервјуто на новиот градоначалник на Солун, Јанис Бутарис, за весникот Етнос, во кое тој подава пријателска рака на соседот, односно нам. „На солунскиот градоначалник не му пречи двојната формула“, насловува Дневник и „Јанис Бутарис сака да ги остави националистичките препукувања за името во минатото“ - како што забележува Утрински.
Инаку, сите медиуми ја објавуваат веста дека во Скопје е прогласена епидемија на мали сипаници-морбили, поради 40-те случаи на заболени деца од оваа болест, главно во општина Шуто Оризари.
Лустрацијата продолжува со своите драмски чинови, а медиумите продолжуваат да ги бележат: „Лустрацијата врие, полицијата апси, фрчат и германски досиеја“ -насловува Утрински, а Дневник објавува дека МВР го нашла фалсификаторот на досиејата кој признал дека работел по налог на ДПА.
И новинарите им создадоа работа на медиумите, поточно изборното собрание за ново раководство на своето Здружение, што, како и се' кај нас,
Политиката вмеша прсти во новинарското
Собрание.
Терор на соросоидите?
Вечер, пак, се прашува дали по 15 години контрола на Сорос врз медиумите ќе има пресврт и насловува: „Терор од соросоидите врз новинарството“.
„На самитот на НАТО пропуштена уште една шанса“, пишува Време и додава дека сме изолирани во чекалница, а Нова Македонија забележува: „Блиску до Обама, далеку од НАТО“, алудирајќи на кусата средба на претседателот Иванов со американскиот претседател Обама, на самитот во Лисабон.
Блиску до Обама, далеку од НАТО.
„Бранко бара избори, моли да ги нема“, ја толкува Вечер најавата на лидерот на СДСМ за предвремени избори на митингот во Штип, а Време смета дека „Груевски не сака да излезе на мегдан предвреме“.
Исто така, Време, неколку дена се занимаваше со намерите на надлежните од Општина Центар да го дислоцираат споменикот на Крсте Петков Мисирков поради изградбата на Триумфалната порта во центарот на Скопје, на плоштадот Пела.
Нова Македонија смета дека повторувањето на неупотребата на придавката „македонски“ во извештајот на Европската комисија и на сајтот на Обединетите нации е „Техничка грешка со политичка умисла“.
Груевски и Камерун
Нова Македонија, на насловната информира за средбата на премиерот Груевски со британскиот премиер во Лондон забележувајќи дека Груевски е прв македонски премиер што се сретнал со премиер на Велика Британија во Даунинг стрит 10.
На солунскиот градоначалник не му пречи двојната
формула.